Најнови информации за КОВИД-19: Нов рекорд по бројот на нови случаи во Нов Јужен Велс

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 25 август 2021 година.

 Bondi Beach in Sydney, Wednesday, August 25, 2021.

Members of the public exercise at Bondi Beach in Sydney, Wednesday, August 25, 2021. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Бројот на случаи во Нов Јужен Велс повторно расте
  • Младите Викторијци меѓу најпогодените од КОВИД-19
  • Територијата на главниот град на Австралија ја проширува својата работна сила за да  одговори на КОВИД-19
  • Квинсленд ја паузира програмата за карантин во хотели
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 919 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 37 случаи во заедницата, додека биле се заразни. Две лица починаа од КОВИД-19.

Предградијата Гилдфорд, Обурн, Мерилендс, Грејстанс, Гранвил, Панчбоул, Јагона и Блектаун, остануваат на предмет на загриженост. Во меѓувреме, фрагменти од вирусот се откриени во постројките за пречистување отпадни води во Батео Беј, Тукли и Меримбула.

Главната здравствена служвеничка, Кери Шант, вели дека во моментов има 113 случаи на интензивна нега, од кои 98 се невакцинирани.

Резервирајте го денеска, .

Викторија

Викторија регистрираше 45 нови, локално-стекнати случаи, од кои 28 случаи во заедницата додека биле заразни.

Министерот за здравство Мартин Фоли вели дека од 538 активни случаи, повеќе од половина се под 30 години, вклучувајќи 114 на возраст под девет години.

Луѓето на возраст од 16 и 17 години можат да пристапат до “Фајзер”, додека лицата во старосната група 18-39 години, сега можат да добијат или вакцина “АстраЗенека” или “Фајзер”. “АстраЗенека” е единствената опција за оние на возраст од 60 години и повеќе.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата регистрираше 9 нови, локално-стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи се искачи на 176.

Министерката за здравство, Рејчел Стивен-Смит, вели дека запишаните медицински сестри, студенти-медицински сестри и студенти-акушерки, ќе бидат примени и обучени да даваат вакцини за КОВИД-19, пред очекуваното зголемување на понудата на вакцини.

Последните 24 часа низ Австралија

Поради притисокот врз хотелскиот карантин, Квинсленд ги паузира, до среда 8 септември, пристигнувањата од Нов Јужен Велс, од Викторија и од Територијата на главниот град на Австралија.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 25 August 2021 1:50pm
Updated 25 August 2021 1:52pm
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends