- Областа на Армидејл, во Нов Јужен Велс, денеска од 17:00 влегува во седумдневно заклучување
- Бројот на местата на изложеност низ Викторија, продолжува да расте
- Жителите на Квинсленд ќе треба да почекаат до недела, за да дознаат дали заклучувањето ќе биде укинато
Нов Јужен Велс
Кризата со КОВИД-19 во Нов Јужен Велс се интензивира, откако беа евидентирани 319 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 51 од нив биле во заедницата заразни. 210 од 319 случаи се во југозападен Сиднеј.
Властите на Нов Јужен Велс, исто така објавија уште пет смртни случаи во текот на ноќта. Ниту едно од овие пет лица не било вакцинирано.
Локалната област Армидејл, лоцирана во регионите делови на Нов Јужен Велс, треба да влезе во еднонеделно заклучување, почнувајќи од денеска 17:00, па се до недела, 15 август, 12:01 часот.
Викторија
Викторија забележа 29 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19, од кои ниту еден не бил во карантин за време на заразата. Сите случаи се поврзани со тековните епидемии.
Здравствените власти предупредија дека бројот на места на изложеност во државата може да расте. Четири училишта во Мелбурн сега се поврзани со позитивни случаи.
Квинсленд
Квинсленд забележа 13 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со сегашниот кластер наречен Индоропопили. Бројот на активни случаи во Квинсленд е 144.
Главната здравствена службеничка, Џенет Јанг, рече дека ќе почека до недела наутро, за да ги види бројките на денот, пред да одлучи дали заклучувањето на југоистокот од државата, ќе биде укинато во недела, во 16 часот, како што беше планирано.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија