- Две нови исплати за поддршка во Нов Јужен Велс
- Заклучувањето на Мелбурн е продолжено за две недели
- Делови од Северната Територија во заклучување
- 12 нови, локално стекнати случаи во Aвстралиската капитална територија, и без нови случаи во Квинсленд
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 478 нови, локално стекнати случаи и седум смртни случаи поврзани со КОВИД, од кои пет меѓу невакцинирани лица.
Тест и изолирана исплата од 320 долари е достапна за работниците на возраст од над 17 години, и кои имаат симптоми на КОВИД-19, а живеат во области што се предмет на загриженост на владата.
Привремените носители на визи и другите неподобни за поддршка на друг приход, сега можат да пристапат до нова исплата при тешкотии од 400 долари, преку Црвениот крст.
Дополнителни 530.000 дози „Фајзер“ ќе бидат достапни за 12 најсилно погодени области во Сиднеј од локалната власт, каде што жителите на возраст меѓу 20 и 39 години ќе добијат приоритет за вакцинација оваа недела.
Резервирајте го тука Вашиот термин за вакцинација.
Викторија
Викторија забележа 22 нови, локално стекнати случаи, од кои пет не се поврзани со познати епидемии. Осум случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Заклучувањето во Мелбурн е продолжено, најмалку до четврток, 2 септември, до 23.59 часот. Воведени се и дополнителни мерки, вклучително полициски час од 21 часот вечерва.
Најдете ја тука листата на центри за вакцинација.
Последните 24 часа низ Австралија
- Пошироката околина на Дарвин и регионот Кетрин, на пладне по локално време, ќе влезат во брзо заклучување од 72 часа, откако беше откриен еден локален случај во заедницата.
- Aвстралиската капитална територија евидентира 19 нови, локално стекнати случаи и го продолжува заклучувањето за уште две недели.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

Source: ALC