Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс достигнува вакцинација од 70 проценти со прва доза и ги олесна ограничувањата за вежбање

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 2 септември 2021 година.

The 12 local areas of concern in Sydney have been given back unlimited exercise.

The 12 local areas of concern in Sydney have been given back unlimited exercise. Source: AAP Image/Joel Carrett

  • Нови траги од КOВИД откриени во отпадните води во јужниот дел на Нов Јужен Велс
  • Викторија бележи најголем, дневен скок во нови случаи годинава
  • Во Територијата на главниот град на Австралија, 68 проценти од населението е вакцинирано
  • Квинсленд евидентира нов случај, кај уште еден возач на камион
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.288 нови, локално-стекнати случаи и седум смртни случаи. Државата е на пат да постигне стапка на вакцинација од 70 проценти со една доза до крајот на денот.

Од петок, 3 септември, ограничувањето на едночасовно вежбање ќе биде укинато за жителите од , што се предмет на загриженост. Останатите ограничувања ќе останат на сила.

Фрагменти од КОВИД-19 откриени во отпадните води во Бега, Куома и Илавара Шоалхавен во Бомадери, што е загрижувачки, бидејќи нема познати случаи во овие области.

Викторија

Викторија има снимено 176 нови локално стекнати случаи, со 128 од северните и западните области на Мелбурн.

Од 23:59 часот вечерва, игралиштата ќе бидат отворени за деца под 12 години, со придружба на само еден родител или негувател. Игралиштата ќе имаат QR-кодови за пријавување, а возрасните не треба да ги вадат маските, со цел да јадат или да пијат.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралијарегистрираше 12 нови, локално-стекнати случаи, со најмалку осум во заедницата додека се заразени.

Од петок, 3 септември, Transport Canberraќе обезбеди бесплатен превоз со автобус и трамвај, за секој што патува, до која било државна клиника за вакцинација против КОВИД-19, во територијата.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд го забележа вториот, локално-стекнат случај за два дена, кои вклучуваат двај возачи на камиони, кои не се поврзани меѓусебе.
alc covid mental health
Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 2 September 2021 2:04pm
Updated 3 September 2021 2:03pm
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends