Најнови информации за КОВИД-19: Луѓето да останат дома, бараат властите во Нов Јужен Велс и Квинсленд

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 3 август 2021 година.

Zahanati ya chanjo ya AstraZeneca katika kitongoji cha Wattle Grove

Zahanati ya chanjo ya AstraZeneca bila miadi katika kitongoji cha Wattle Grove, NSW Source: AAP Image/Joel Carrett

  • Целта на Нов Јужен Велс е вакцинирање на 6 милиони луѓе до крајот на август.
  • Активните случаи на Квинсленд се искачија на 47.
  • Викторија евидентираше четири нови случаи.
  • Федералната влада нуди дополнително исплати како поддршка за КОВИД-19.
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 199 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 50 лица биле активни во заедницата, за време на заразата.

Главната здравствена службеничка, др. Кери Чант, ги потсетува луѓето да не ги посетуваат осумте области на локалната самоуправа, освен ако е апсолутно неопходно.

Премиерката Гладис Береџиклијан, сака државата да постигне 6 милиони вакцинации, до крајот на август. Досега се администрирани 3,9 милиони дози.

Квинсленд

Квинсленд забележа 16 нови локално стекнати случаи, сите поврзани со постојниот кластер.

Главната здравствена службеничка др. Џенет Јанг, апелира до жителите од , да останат дома и да се тестираат штом забележат какви било симптоми.

Заменик-полицискиот комесар, Стив Голшевски, вели дека полицијата досега издала 70 известувања за прекршување на законот, и уапсила 21 лице кои не ги почитувале наредбите за јавно здравје.

Последните 24 часа низ Австралија

Викторија забележа четири нови локално стекнати случаи, сите поврзани со постоечки епидемии, при што сите лица биле во карантин додека беа заразни.

Оние кои изгубиле најмалку 8 часа работа, поради државни наредби за јавно здравје, покрај нивната редовна исплата, имаат право и на исплата поради катастрофа од КОВИД-19, . Поднесувањето барања за оваа дополнителна поддршка почнува денеска.

Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцината: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Посетете ја страницата на за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија

 

 

 

 

 


Share
Published 3 August 2021 1:27pm
Updated 3 August 2021 1:29pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends