Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс ветува поголеми слободи за вакцинираните, во Викторија повеќе луѓе со право на вакцина

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 24 август 2021 година.

drive-through testing site at Shepparton Sports Precinct in Shepparton, Victoria, Tuesday, August 24, 2021.

صف رانندگان در پشت یک کلینیک سواره آزمایش کرونا در شهر شیپرتون Source: AAP Image/Daniel Pockett

 

  • Нов Јужен Велс досега администрираше шест милиони дози вакцини
  • Викторија го прошири правото на вакцина за повеќе луѓе
  • Територија на главниот град на Австралија го забележа својот најголем број случаи
  • Квинсленд евидентира два нови, локално- стекнати случаи
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 753 нови локално-стекнати случаи, од кои најмалку 49 случаи присутни во заедницата, додека биле заразни.

Премиерката Гладис Береџиклијан, вели дека државата достигнала пресвртницата од шест милиони применети вакцини, што значи дека 60 проценти од населението примило барем една доза.

Во , лицата на возраст меѓу 16 и 39 години, како и вработените кои работат со лица попреченост и грижа за деца, имаат приоритет за резервирањето термин за вакцинација.

Здравствените власти подоцна неделава, ќе објават поголеми слободи за целосно вакцинираните жители.

Резервирајте денеска.

Викторија

Викторија регистрираше 50 нови локално стекнати случаи, од кои десет не се поврзани со познати епидемии. Триесет и девет случаи беа во заедницата додека беа заразни.

Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека од среда, 25 август, секој на возраст од над 16 години ќе има право на вакцина “Фајзер” или “АстраЗенека”, во државните центри за вакцинација.

Територија на главниот град на Австралија

Територија на главниот град на Австралија регистрираше 30 нови, локално-стекнати случаи, од кои 17 лица активни во заедницата додека биле заразни.

Местата за тестирање во деловните паркови Камбах и Бриндабела, кои беа затворени поради лошите временски услови, ќе бидат отворени утре.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд евидентира два локално- стекнати случаи, кои во моментов се под истрага.

Институтот “Доерти” инсистира дека ќе биде безбедно за Австралија повторно да се отвори, при вакцинација од 70-80 проценти од популацијата, без оглед на бројот на случаи, ноa под услов мерките за јавно здравје да останат на место.


Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 24 August 2021 1:33pm
Updated 24 August 2021 2:52pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends