- Војската ќе и се придружи на полицијата во Нов Јужен Велс, во спроведувањето на здравствените наредби.
- Властите во Викторија пронајдоа врска меѓу мистериозниот случај и постоечките кластери.
- Училиште во Бризбејн е подложено на длабинско чистење, откако ученици се покажаа позитивни на КОВИД-19.
- Тасманија повторно ги отвора своите граници за Викторија.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 170 нови локални случаи, од кои најмалку 42 биле активни во заедницата, додека биле заразени.
Премиерката Гладис Береџиклијан ги повикува луѓето да го ограничат контактот со другите домаќинства, бидејќи вирусот продолжува да се шири во домаќинствата и работните места.
Полицискиот комесар Мик Фулер ги предупредува луѓето да не присуствуваат на протестите против заклучувањето во текот на викендот, велејќи: „Демонстрантите ќе се сретнат со илјада полицајци“.
Исто така, од понеделник, 300 војници ќе бидат присутни на терен, за да се осигурат дека луѓето ќе останат дома и нема да се мешаат со пошироките семејства, за време на заклучувањето.
Викторија
Државата забележа три нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постоечките кластери, при што лицата се изолирале додека биле заразни.
Викторискиот министер за здравство, Мартин Фоли, вели дека геномското тестирање, покажува дека мистериозниот случај е поврзан со тековните епидемии, но се уште не е познато како лицето го добило вирусот.
Последните 24 часа низ Австралија
- Здравствените власти во Квинсленд, веруваат дека студентот во Бризбејн, кој е позитивен на КОВИД-19, бил три дена активен во заедницата додека бил заразен, односно од 27-ми јули.
- Тасманија денеска ги отвори своите граници за Викторија, по двонеделна затвореност
Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцините: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија