Најнови информации за КОВИД-19: Државниот болнички систем во НЈВ може да се справи со веројатната кулминација на бројот на случаи, вели премиерката

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 6 септември 2021 година

the Emergency Department at the Blacktown Hospital in Sydney

NSW Ambulances park in the receiving bay for the Emergency Department at the Blacktown Hospital in Sydney, Thursday, August 26, 2021. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Во Нов Јужен Велс вакцинирани се 40,8 проценти од лицата со право на вакцина
  • Викторија најавува нова програма за луѓе кои се во неволја
  • Територијата на главниот град на Австралија го намалува на четири до осум недели, интервалот меѓу двете дози “АстраЗенека”
  • Во Квинсленд, бројот на матични лекари кои администрираат “Фајзер” треба да расте
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.281 нови, локално-стекнати случаи, од кои 831 се лоцирани во западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Пет лица починаа од вирусот.

Премиерката Береџиклијан, вели дека моделирањето покажува дека, хоспитализациите ќе достигнат врв, откако државата ќе регистрира 70 проценти вакцини, но тоа нема да влијае на олеснување на ограничувањата. Во моментов има 177 пациенти со КОВИД на интензивна нега, од кои 67 на кислородна поддршка.

Викторија

Викторија регистрираше 246 нови, локално-стекнати случаи, од кои 121 поврзани со познати епидемии.

Министерот за домување Ричард Вин, најави нова програма за потстанари, наменета за оние кои плаќаат за кирија повеќе од 30 проценти од приходот, како и за сопствениците на имот за изнајмување, кои загубиле над 20 проценти од својот приход.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 11 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку седум биле во заедницата, за време на заразата.

Жителите на Канбера сега може да добијат побрзо втор термин за вакцинација со “АстраЗенека”, користејќи го порталот или телефонски на (02) 5124 7700 помеѓу 07:00 и 19:00 часот.

Последните 24 часа низ Австралија

Во Квинсленд, ја администрираат вакцината “Фајзер КОВИД-19”, додека 642 лекари ќе се приклучат на програмата, во текот на следните неколку недели.

Речиси 500.000 дози “Фајзер,” обезбедени според договорот за размена на вакцини со Обединетото кралство, пристигнаа во Сиднеј, во неделата, 6 септември.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 6 September 2021 12:55pm
Updated 6 September 2021 12:58pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends