Најнови информации за КОВИД-19: Премиерката на Нов Јужен Велс се надева на нормализирање на состојбата со ковид, до први декември

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 27 септември 2021 година.

Birrong Leisure and Aquatic Centre

Public arrives at the Birrong Leisure and Aquatic Centre, after outdoor swimming pool were allowed to open today in Sydney, Monday, September 27, 2021. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Нов Јужен Велс објави патоказ во три фази, за излез од заклучувањето
  • Викторија најавува грантови за матични лекари и аптеки за да ги зајакне напорите за вакцинација
  • Територијата на главниот град на Австралија ја забележа првата смрт поврзана со КОВИД, во тековната пандемија
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 787 нови, локално-стекнати случаи и 12 смртни случаи.

На отворените базени им е дозволено повторно отворање, а градилиштата сега можат да се вратат во полн капацитет, со безбедносните планови за КОВИД.

Премиерката Гладис Береџиклијан, потврди дека на 11 октомври, ограничувањата дополнително ќе се ублажат, објавувајќи го патоказот за прилагодување при вакцинација од 70 отсто. Сепак, регионалните патувања нема да бидат дозволени, се додека државата не ја постигне целта за вакцинација од 80 проценти со две дози.

Премиерката го прикажа патоказот за ублажување на ограничувањата при 80 проценти вакцинација со двојна доза, кога ќе се отстрани ограничувањето за целосно вакцинирани гости за присуство на свадби и погреби, ќе продолжи спортот во заедницата и 10 луѓе ќе можат да се соберат во дом.

Третата фаза, т.н состојба на „Ковид нормалност“, е поставена за 1 декември, кога се очекува државата да достигне 90 проценти вакцинација со две доза.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцинација.

Викторија

Викторија регистрираше 705 нови, локално-стекнати случаи и како и еден смртен случај.

Премиерот Даниел Ендрјус, објави серија грантови достапни за матични лекари и аптеки, во единаесетте области на локалната самоуправа со голем број случаи и ниска стапка на вакцинација, вклучувајќи ги Мореленд, Бримбанк, Кардинија, Кејси, Даребин, Денденонг и пошироката околина, Хобсон Беј, Мелтон, Витлси, Виндзор и Хјум.

 

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

На територијата се регистрирани 19 нови, локално стекнати случаи, а едно лице почина.

Во Канбера, две лица ќе можат да посетат друго домаќинство, а времето за рекреација ќе се зголеми на четири часа, почнувајќи од 1 октомври.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 27 September 2021 1:45pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends