- "Црвениот крст" нуди грантови за жителите на Сиднеј со привремени визи
- Приоритетна шема за пристап до вакцини е во тек за учениците учениците од 12 година (Year 12) во Викторија
- Бројни резервации за вакцинација и тестирање за лица со попреченост во Канбера
- Без нови случаи во Јужна Австралија и во Квинсленд
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.220 нови, локално-стекнати случаи, како и осум смртни случаи.
Директорката за абориџинско здравје во болницата во Сент Винсент, Полин Девирд, ги повикува абориџинските заедници да се вакцинираат што е можно поскоро, бидејќи властите очекуваат во септември седумдневен просек од околу 1.500 нови случаи.
Преку програмата за поддршка на екстремни тешкотии, , австралискиот “Црвен крст”, нуди еднократна исплата од 400 долари, за лица со привремени визи или без визи, погодени од заклучувањето на Сиднеј и околината.
Викторија
Викторија забележа уште еден ден од 246 нови, локалн- стекнати случаи, со што активните случаи се зголемија на 1.786.
Од денеска, како дел од 10-дневната приоритетна шема за пристап, властите имаат за цел да ги вакцинираат учениците од 12 година ( Year 12), со најмалку една доза пред нивните завршни испити. Резервациите за “Фајзер” се достапни за ученици од 12 одделение, наставници, надгледувачи и оценувачи на испитите, од вчера, понеделник, 6 септември.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 19 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку шест присутни во заедницата, додека биле заразени.
Владата на Територијата на главниот град на Австралија нуди подобар пристап и повеќе термини за вакцинација и тестирање, за лица со попреченост, со преместување на Клиниката за пристап и сетила- Access and Sensory Clinic во Здравствениот центар во Weston Creek Community Health Centre.
Кликнете .
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.