Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс надмина осум милиони вакцинации, а Викторија бележи 39 проценти целосна вакцинација

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 11 септември 2021 година,

People wearing face masks hold hands while walking through Carlton Gardens in Melbourne, Saturday, September 11, 2021. Victoria has recorded 450 new locally-acquired COVID-19 cases in the past 24 hours. (AAP Image/James Ross) NO ARCHIVING

Source: AAP/James Ross

 

  • NSW Health ги повикува жители од регионалните делови да се тестираат
  • Во Викторија, 39 проценти од населението е целосно вакцинирано
  • Територијата на главниот град на Австралија, забележа 15 и Квинсленд пет нови случаи во заедницата
 

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.599 нови, локално- стекнати случаи и осум смртни случаи.

Од почетокот на сегашната пандемија досега, забележани се вкупни 170 смртни случаи поврзани со КОВИД-19.

Фрагменти од вирусот се откриени во постројки за третман на отпадни води, во Бајрон, Бангалов, Џиндабин, Харден, Моруја, Јас, Порт Меквари, Транги и Јанг. Ова е загрижувачко, бидејќи не се идентификувани неодамнешни случаи на овие локации. Властите ги повикуваат сите да го следат почетокот на симптомите и да се тестираат.

Државата ја надмина бројката од осум милиони за вакцинации, при што 44,5 проценти од жителите сега се целосно вакцинирани.

Викторија

Викторија регистрираше 450 нови, локално-стекнати случаи, при што над 70 проценти од случаите, се лоцирани во северните населбите.

Од недела, 12 септември, жените бремени повеќе од 24 недели, ќе имаат право на приоритетни резервации за вакцини, преку државни клиники.

Најдетево Ваша близина.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Територијата на главниот град на Австралија, е првата австралиска јурисдикција, која вакцинираше половина од своето население, на возраст од над 16 години.
  • Повеќе од 1.000 семејства се во изолација, бидејќи Бризбејн бележи пет локално стекнати случаи.
  • Оd 13 септември, Јужна Австралија ќе ја направи вакцината “Фајзер КОВИД-19”, достапна за сите жители на возраст од над 12 години, вклучувајќи ги и оние од над 60 години.
COVID-19 myths
Source: SBS
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 


Share
Published 11 September 2021 1:31pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends