Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс ја мина целта за вакцинација од 80 проценти, додека Викторија најавува кампања од 21 милион долари

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 19 октомври 2021 година

Picha za wafanyakazi wa mstari wa mbele zamulikwa kwenye paa za Sydney Opera House na umma wa NSW ulio chanjwa kuadhimisha kufikisha lengo la 80% ya chanjo.

Picha za wafanyakazi wa mstari wa mbele zamulikwa kwenye paa za Sydney Opera House na umma wa NSW ulio chanjwa kuadhimisha kufikisha lengo la 80% ya chanjo. Source: AAP/DEAN LEWINS

 

  • Викторија објави пакет од 21 милиони долари за зголемување на стапката на вакцинација
  • Зголемувањето на бројот на случаи во регионалните делови на Нов Јужен Велс предизвикува загриженост
  • Територијата на главниот град на Австралија објави олеснување на ограничувањата
Викторија

Викторија регистрираше 1.749 нови, локално стекнати инфекции со КОВИД-19, како и 11 смртни случаи.

Околу 89,4 проценти од населението над 16 години во државата ја примиле првата доза на вакцинација, и 67,2 проценти се велосно вакцинирани.

Премиерот Даниел Ендрјус, објави пакет од 21 милион долари за зајакнување на вакцинацијата, вклучително и повеќе клиники за вакцинација, закажување термини, превоз и алтернативи каде и да е потребно во заедницата.

Владата на Викторија потврди дека ќе додаде пократка изолација на листата со измени и дополнувања на правилата, кога државата ќе ја достигне целта за вакцинација од 70 проценти со двојна доза.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 273 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.

Нешто под 75 проценти од децата на возраст меѓу 12-15 години ја примиле својата прва доза вакцинација против КОВИД-19, додека 35,5 проценти биле целосно вакцинирани.

Државата, исто така, ја надмина целта од 80 проценти целосна вакцинација на популацијата над 16 години.

Главната здравствена службеничка Др. Кери Чант, рече дека зголемениот број случаи во регионалните области останува загрижувачки и ја повика заедницата да се вакцинира.

Најдете во Ваша близина.

Територијата на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 24 нови случаи, од кои 21 се поврзани со тековната појава.

Територијата објави олеснување на ограничувањата за КОВИД-19, како одговор на 80 проценти целосна вакцинација на населението на возраст од над 12 години.

На сите малопродажни места, и од суштински и од несуштински карактер, ќе им биде дозволено да се отворат од четврток, 21 октомври, во 23:59 часот.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Квинсленд ги откри плановите за домашните и меѓународни патувања, кога државата кога ќе достигне 70%, 80%, а потоа 90% за целосно вакцинираното население
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 19 October 2021 1:23pm
Updated 19 October 2021 1:28pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends