- Нов Јужен Велс ги проширува групите со право на приоритетна вакцинација против КОВИД-19
- Околу 60 проценти од новите случаи во Викторија, се во западните делови на Мелбурн
- Територијата на главниот град на Австралија забележа 26 нови, локално-стекнати случаи
- Нови места на изложеност на КОВИД-19 во Јужна Австралија
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.035 нови, локално-стекнати случаи, од кои 714 доаѓаат од западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Починаа две лица, на возраст од 70-80 години.
Во , зголемен е возрасниот опсег за приоритетна вакцинација, овозможувајќи им на лицата меѓу 40-49 години, да добијат вакцинација. Сега им се дава приоритет за вакцинација и на вработените во продавниците за храна и месо, кои не живеат во областите на загриженост, но кои работат во нив.
NSW Health ќе ги ублажи ограничувањата за свадби, дозволувајќи пет гости да присуствуваат на настаните, почувајќи од 3 септември.
Овластените работници треба да аплицираат за до и од 12 локални области на загриженост
Викторија
Викторија забележа 64 нови, локално-стекнати случаи, од кои 49 се поврзани со познати епидемии, а 15 се водат како мистериозни случаи.
Министерот за здравство Мартин Фоли вели дека западните предградија на Мелбурн се области од голема загриженост, вклучувајќи ги Виндам, Њупорт, Алтона Норт и Хјум.
Последните 24 часа низ Австралија
- SA Health наведе две бензински пумпи во Порт Аугуста, и две во Седуна, како , откако двајца возачи на камиони од Нов Јужен Велс беа тестирани позитивни на коронавирусот.
- Од 24 септември, секој на возраст од над 18 години, што доаѓа од Територијата на главниот град на Австралија, Нов Јужен Велс или Викторија, ќе треба да обезбеди докази дека примил барем една доза од вакцината пред да влезе во Јужна Австралија.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.