- Во Нов Јужен Велс, една третина од децата на возраст од 12 до 15 години примиле прва доза од вакцината против Ковид
- Викторија најавува дополнителни дози на вакцината “Модерна”
- Расте списокот со места на изложеност во Aвстралиската капитална територија
- Целосно вакцинирани се педесет проценти од Австралијците со право на вакцина
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.043 нови, локално стекнати случаи и 11 смртни случаи.
Државата започнува пилот -програма за враќање на околу 500 меѓународни студенти, кои биле вакцинирани со вакцини “Фајзер”, “АстраЗенека” или “Модерна”.
Викторија
Викторија регистрираше 733 нови, локално-стекнати случаи, од кои 84 проценти се лица на возраст под 50 години. Едно лице почина.
Министерот за здравство Мартин Фоли, рече дека над 700 аптеки низ државата ќе добијат над 300.000 дози “Модерна” во наредните недели. Исто така, околу 32.000 дополнителни дози на вакцината “Модерна” ќе бидат распределени во привремените центри за вакцинација и ќе бидат достапни за секого на возраст од 12-59 години.
Територијата на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 19 нови, локално-стекнати случаи. Целосно вакцинирана медицинска сестра од Calvary Haydon Retirement Community, на северот на Канбера, се покажа позитивна на КОВИД-19. Територијата сега има околу .
Последните 24 часа низ Австралија
Пробната излоација во домашни услови во Тасманија, започнува денеска, при што патниците треба да ги следат правилата како што се негативен тест за КОВИД-19 и приватен превоз од аеродромот, за да избегнат користење јавни услуги.

Source: SBS
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.