- Нов Јужен Велс објави нов рекорд со дневни случаи на КОВИД-19
- Викторија регистрира 190 случаи, додека стапките на вакцинација се зголемуваат
- Викендов, Територијата на главниот град на Австралија ќе достигне 70 проценти вакцинација со прва доза
- SA Health наведува два пабови како места за изложеност од Прво ниво
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.533 нови, локално-стекнати случаи, и четири смртни случаи, при што 173 заразени лица се лечат во одделенијата за интензивна нега, од кои 62 се на кислородна поддршка.
Министерот за здравство Бред Хазард, вели дека 72 проценти од жителите на Нов Јужен Велс со право на вакцинација, веќе ја добиле првата доза, а нешто помалку од 40 проценти се целосно вакцинирани. Властите ги повикуваат полицајците и службениците од службите за итни случаи од 12 те области на локална самоуправа, што се предмет на загриженост, да се вакцинираат викендов.
Викторија
Викторија забележа 190 нови, локални случаи, од кои 103 се поврзани со познати епидемии. Изворите на 87 инфекции остануваат под истрага.
Државата се очекува да достигне, порано од очекуваното, 70 проценти вакцинирано население со прва доза, при што министерот за работни места Мартин Пакула, најави продолжување на .
Последните 24 часа низ Австралија
- Вакцината против КОВИД-19 на “Модерна”, е одобрена од Австралиската управа за терапевтски добри и услуги- TGA, за деца над 12 години.
- Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 32 нови, локални случаи, од кои 19 биле активни во заедницата за време на заразата. Викендов, Територијата треба да достигне пресвртница од 70 проценти вакцинација на населението, со првата доза.
- Четиригодишно девојче е новиот, локално-стекнат случај во Квинсленд, којшто беше објавен вчера.
- SA Health вели дека два паба на северот на Аделаида, биле посетени од возач на камион од Нов Јужен Велс, кој подоцна се покажал позитивен на КОВИД-19. , мора заедно со нивните контакти во домаќинството, да се изолираат 14 денови.

Source: SBS
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.