Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс ги проширува регионалните ограничувања, Викторија одброи 200 дена во заклучување

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 19 август 2021 година.

testing cue outside Palais Theatre

People are seen waiting in line outside of the Palais Theatre at a pop-up testing facility in St Kilda, Melbourne, Thursday, August 19, 2021. Source: AAP Image/James Ross

 

  • Продолжено до 28 август, заклучувањето во регионалните области на Нов Јужен Велс
  • Викторија бележи пораст на бројот на случаи, и го одброја 200тиот ден во заклучување за време на пандемијата
  • Aвстралиската капитална територија забележа девет мистериозни случаи
  • Квинсленд и Северната територија не регистрираа нови, локално стекнати случаи
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 681 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 87 случаи присутни во заедницата, додека биле заразни. Почина едно лице во 80-ти години од животот, со што вкупниот број смртни случаи поврзани со КОВИД, во сегашната појава на Делта, се искачи на 61.

Мерилендс, Гилдфорд, Обурн, Гранвил, Лидкомб, Гринакрер и Блектаун, се области што генерираат поголем број случаи, вели премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан.

Од 82 случаи на интензивна нега, 71 не се вакцинирани.

Викторија

Викторија регистрираше 57 нови локално стекнати случаи, од кои три не се поврзани со познати епидемии. Тринаесет случаи беа во заедницата додека беа заразни.

Заменикот на главниот здравствен службеник, Бен Коуви, вели дека повтореното тестирање на отпадните води, покажува откривање на вирусот во Шепартон во североисточна Викторија и во предградието Ардеер, во Мелбурн..

Територија на главниот град на Австралија

Територија на главниот град на Австралија регистрираше 16 нови локално стекнати случаи, од кои пет не се поврзани со познати епидемии. Вкупниот број активни случаи во Канбера е 83.

Трамвајска линија на Канбера, автобуски линии, центарот за рано учење во претшколска возраст во Тарнер, и амбуланта за општо здравје во Белконен, се меѓу новите на близок контакт.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Заклучувањето во пошироката околина на Дарвин е укинато, но некои правила остануваат на сила.
  • Заклучувањето на Кетрин е продолжено петок, 20 август, до 12 часот.
  • Премиерката Анастасија Палашчук бара воено распоредување по границата на Квинсленд со Нов Јужен Велс.
alc covid mental health
Source: ALC

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

 

 


Share
Published 19 August 2021 1:36pm
Updated 19 August 2021 1:39pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends