- Во Викторија, 45 проценти од новите случаи се на возраст под 30 години
- Седумдневно заклучување почнува денеска, во Лисмор, во регионален Нов Јужен Велс
- Над 93 проценти од жителите на Канбера, на возраст од над 12 години се делумно вакцинирани
- Квинсленд забележа еден нов случај, стекнат локално
Викторија
Викторија забележа 1,377 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.
Фрагменти од вируси се откриени во примероци од канализацијата во Милдура. Повеќе , се наведени во регионална Викторија, вклучувајќи ги Морвел и Шепартон.
Жителите на Мелбурн минаа 246 дена, живеејќи под наредба за престој дома, низ шест заклучувања, надминувајќи го рекордот поставен од аргентинската престолнина Буенос Аирес.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 623 нови, локално стекнати случаи, како и шест смртни случаи.
Наредбата за престој дома, за локалната самоуправа Лисмор, важи до 11 октомври и се однесува на секого што е во областа од 28 септември.
Нов Јужен Велс ја почна својата последна закажана недела во заклучување, при што до полноќ во саботата, 2 октомври, 67,1 проценти од луѓето на возраст од над 16 години биле целосно вакцинирани.
Територија на главниот град на Австралија
Во територијата се регистрирани 28 нови локално стекнати случаи и два смртни случаи.
Во моментов има 16 пациенти со КОВИД во болниците, вклучувајќи пет на интензивна нега и еден на кислородна поддршка.
Над 93 проценти од жителите со право на вакцина, ја примиле првата доза против КОВИД.
Последните 24 часа низ Австралија
- на вирусот во Квинсленд расте, бидејќи новиот локален случај поминал 10 дена во заедницата додека бил заразен.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.