- Главниот здравствен службеник на Нов Јужен Велс, д-р Кери Шант прогласи вонредна состојба во државата.
- Премиерката Береџиклијан бара повеќе залихи од вакцината “Фајзер”, за југозападен и западен Сиднеј.
- И покрај нискиот број случаи во Викторија, премиерот Ендрус не може да предвиди крај на заклучувањето.
- Вакцината “Фајзер”одобрена во Австралија за деца на возраст од 12 до 15 години.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 136 нови локални случаи, од кои 53 биле активни во заедницата додека биле заразени, како и еден смртен случај потврден преку ноќта.
Жителите кои живеат во областите на локалната самоуправа Камберленд и Блектаун, нема да можат да го напуштат својот дом за работа, освен ако не се дел од здравствените и итните служби, или се наоѓаат на
Викторија
Викторија забележала 14 нови случаи, од кои четири биле активни во заедницата додека биле заразени. Тековниот број на активни случаи во државата е 158.
Постојат повеќе од 19.000 примарни блиски контакти кои се самоизолираат низ целата држава.
Пронајдете ги тука, во список или мапа. Тековното заклучување ќе биде продолжено до вторник, 27 јули, во 23:59 часот.
Последни 24 часа низ Австралија
- Јужна Австралија забележа само еден нов случај со КОВИД-19, од обработени над 23.500 резултати од тестовите.
- Стјуардеса од „Кантас“ беше позитивна на тестот во Квинсленд, откако беше дел од екипажот на шест регионални летови низ државата.
- Возрасните помлади од 40 години, сè уште ќе треба да почекаат до септември или октомври за пристап до вакцината за КОВИД-19 од типот “Фајзер”, додека австралискиот медицински регулатор TGA ја одобри истата за деца на возраст од 12 до 15 години.
Курбан Бајрам („Фестивал на жртвата“) завршува денеска, 23 јули 2021. Важно е да се заштитите себе си и другите за време на молитвите на Курбан Бајрам со:
- Изберете за се молите дома
- откажување на големи собири
- носејќи ја вашата маска
- користејќи ваш сопствен тепих за молитва
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија