Најнови информации за КОВИД-19: Над 1000 случаи во Нов Јужен Велс, објавена поголема слобода за вакцинираните

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 26 август 2021 година.

Members of the public wear face masks as they exercise in Sydney, Thursday, August 26, 2021.

Members of the public wear face masks as they exercise in Sydney, Thursday, August 26, 2021. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Заклучувањето во регионалните делови на Нов Јужен Велс е продолжено до 10 септември
  • Викторија доби 25.000 дози од вакцината “Фајзер”
  • Територијата на главниот град на Австралија распиша јавен повик за грантови за деловна поддршка
  • Квинсленд ќе изгради карантин-зона во близина на Toowoomba
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.029 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 37 активни во заедницата додека биле заразни. Три невакцинирани лица починаа.

Премиерката Гладис Береџиклијан, најави поголеми слободи за целосно вакцинирани жители, почнувајќи од 13 септември:

  • Луѓето кои живеат надвор од областите на локалната самоуправа коишто се предмет на загриженост, ќе можат да се соберат на отворено во групи од по пет лица, на пет километри од дома.
  • Домаќинствата во , исто така, ќе можат да се собираат на отворено, но ќе треба да ги следат постојните ограничувања околу полицискиот час и ограничувањата за вежбање.
Викторија

Викторија регистрираше 80 нови локално стекнати случаи, од кои 41 случај присутни во заедницата додека биле заразни.

Лицата под 40 години, кои веќе имаат закажано термин за ”АстраЗенека”, сега автоматски ќе ја добијат вакцината “Фајзер КОВИД-19”, бидејќи 25.000 дози од оваа вакцина стигнаа во Викторија, рече командантот за КОВИД, Јерун Вајмар.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 14 нови, локално-стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи се искачи на 190.

Бизнисите во Канбера погодени од заклучувањето, сега можат да до 10.000 долари за компании кои вработуваат и до 4000 долари за бизниси кои не вработуваат.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд ќе изгради наменски регионален објект за карантин, на аеродромот Велкамп во близина на Toowoomba.

Сите деца над 12-годишна возраст, во Северната Територија, сега имаат право на вакцина “Фајзер КОВИД-19”.


Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 26 August 2021 1:11pm
Updated 26 August 2021 3:05pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends