- Семејните собири во Нов Јужен Велс остануваат клучен фактор што придонесува за голем број случаи.
- Во Викторија, олеснувањето на ограничувањата допрва треба да се финализира.
- Јужна Австралија го потврди крајот на заклучувањето.
- Квинсленд е во состојба на готовност, откако лице позитивно на КОВИД-19 избега од заклучувањето во Сиднеј.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 145 нови локални случаи на КОВИД-19. Бројот на случаи во Ферфилд се намали. Полицискиот комесар, Мик Фулер, предупреди дека ќе биде уапсен, секој што планира да протестира во Сиднеј за време на заклучувањето.
Во наредните денови, локалните аптеки ќе можат да ја нудат вакцината “Астра Зенека” на лица над 60 години, вели главната здравствена службеничка на Нов Јужен Велс, д-р Кери Шант, нагласувајќи дека има недостаток од вакцината “Фајзер”.
Викторија
Викторија забележа 11 нови, локални случаи. Сите случаи се поврзани со моменталните кластери на варијантата Делта, и биле во карантин додека биле заразни. Вкупниот број активни случаи е 190.
Петтото заклучување треба да заврши во вторник, 27 јули, во 23:59 часот, но властите велат дека „сè уште ништо не е финализирано“.
Последни 24 часа низ Австралија
- Задолжителните ограничувања кои предвидуваат задолжително носење маски за лице остануваат на сила низ Југоисточен Квинсленд. Пронајдете го .
- Јужна Австралија е на пат во среда, во 12:01 часот, да го укине заклучувањето, но некои правила ќе останат во сила.
- Според федералното Министерство за здравство, во Австралија има 2117 активни случаи со КОВИД-19.
КОВИД-19 МИТ:
Здравите млади луѓе не се под влијание на КОВИД-19. Само им штети и убива стари или болни луѓе.
КОВИД-19 ФАКТ:
Вирусот повеќе ги погодува постарите луѓе и оние со основни состојби, но исто така им штети и убива на некои здрави, млади луѓе.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија