- Пет милиони луѓе ја добија прва доза од вакцината против КОВИД-19 во Нов Јужен Велс
- Дополнителни термини за вакцинација се достапни во Викторија
- Два нови, локално стекнати случаи во Aвстралиската капитална територија, а Квинсленд без нови случаи
- Еден милион дополнителни дози од вакцината “Фајзер” треба да пристигнат во Австралија вечерва
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 415 нови, локално стекнати случаи и четири смртни случаи. Најмалку 35 лица беа во заедницата додека беа заразни.
Предградија со најголем број нови случаи се: Блектаун, Маунт Друит, Мерион, Мериленд, Орбан и Гилдфорд.
Премиерката Гладис Береџиклијан, вели дека владата бара „можности“ за вакцинираните луѓе да добијат слобода од септември, бидејќи државата бележи 50 проценти делумно вакцинираната возрасна популација.
Викторија
Викторија забележа 25 нови, локално стекнати случаи, од кои четири не се поврзани со познати епидемии. Тринаесет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека уште 84.000 дополнителни термини за вакцинација, ќе бидат достапни на владината веб -страница од денеска.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд бележи нула нови случаи добиени локално и распоредува дополнителна полиција до границата со Нов Јужен Велс.
- Aвстралиската капитална територија забележа два нови, локално стекнати случаи, од кои едниот е мистериозен случај.
- Федералната влада обезбеди доплонителни, еден милион дози од вакцината “Фајзер КОВИД-19”, покрај 40 милиони за коишто Австралија веќе ги има склучено договор.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.