- Пациентите на интензивна нега во Нов Јужен Велс се претежно невакцинирани лица
- Новите случаи во Викторија беа активни во заедницата додека беа заразни
- Над 300 аптеки се приклучуваат на програмата за вакцинација во Квинсленд
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 291 нов, локално стекнат случај, од кои најмалку 48 биле во заедницата додека биле заразни. Забележана е уште една смрт – во југозападен Сиднеј почина невакцинирана жена во 60 -ти години од животот.
Премиерката Гладис Береџклиан најавува поголемо полициско присуство, за да се обезбеди почитување на наредбите за јавно здравје во областа Кантербери-Банкстаун, каде што е забележан најголемиот скок во бројки.
Главната здравствена служвеничка Др. Кери Чант, вели дека од 50 лица на интензивна нега, 44 не се вакцинирани, додека останатите ја примиле првата доза.
Властите на Нов Јужен Велс ги повикуваат сите да се вакцинираат.
Викторија
Викторија регистрираше шест нови, локално стекнати случаи, од кои два беа објавени на 5 август.
Сите шест случаи се поврзани со претходно пријавени инфекции на Делта, но не биле во карантин додека биле заразни.
Вчерашното заклучување беше предизвикано од два одделни синџири на пренос на вирустот, наречени зарази Хобсон Беј и Марибирнонг.
Квинсленд
Квинсленд забележа 10 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постојниот кластер. Повеќе од 330 аптеки во заедницата сега доставуваат вакцини за КОВИД-19 на жителите на Квинсленд.
Главната здравствена службеничка Др Џeанет Јанг, вели дека се уште е рано да се каже дали заклучувањето на југоисточниот дел на Квинсленд ќе заврши на 8 август.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија