- Во Нов Јужен Велс завршните средношколски испити се одложени до 9 ноември
- Еден од 10 заболени во Викторија се наоѓа во Шепартон
- Територијата на главниот град на Австралија ги менува ограничувања за бизнисите, за време на заклучувањето
- Австралиската техничко-советодавна група за имунизација” ја одобри “Фајзер” за деца на возраст од 12-15 години
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 882 нови, локално стекнати случаи, при што над 80 отсто од случаите се наоѓаат западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Починаа двајца мажи, на возраст од 60-90 години.
Премиерката Гладис Береџиклијан објави план за враќање на училиште:
- Од 25 октомври - ученици во градинка и 1 одделение
- Од 1 ноември - 2, 6 и 11 одделение
- Од 8 ноември - 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10 одделение
Вакцинациите за целиот училишен персонал, во сите сектори, ќе бидат задолжителни од 8 ноември, но од 6 септември, ним ќе им се даде приоритетен пристап до вакцината.
Викторија
Викторија забележа 79 нови, локално стекнати случаи, од кои 53 поврзани со познати епидемии, а 26 се мистериозни случаи.
Се верува дека околу 16.000 жители во регионот Шепартон, кој има 65.000 жители, се изолираат, принудувајќи затворање на дистрибутерите на храна, супермаркетите и аптеките, поради недостаток на персонал.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 21 нови, локалнo- стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи достигна 209.
Националниот главен град најави , кои ќе стапат на сила од денеска, во 23:59 часот.
Последните 24 часа низ Австралија
- Југоисточен Квинсленд дополнително ги олеснува , почнувајќи од денеска, во 16 часот.
- “Австралиската техничо-советодавна група за имунизација” ја одобри вакцината “Фајзер КОВИД-19” за деца меѓу 12 и 15 години.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.