- Од утре се олеснуваат некои ограничувања во Нов Јужен Велс
- Во Викторија има достапни 7.000 термини за вакцинација со прва доза со “Фајзер”
- Територијата на главниот град на Австралија, забележа 15 нови случаи, а Квинсленд немаше нови случаи
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.262 нови, локално-стекнати случаи, како и седум смртни случаи.
Од 13 септември, до пет целосно вакцинирани жители надвор од , ќе им биде дозволено да се сретнат на отворено. Оние кои живеат во внатрешноста на овие области, можат да одат на излет или рекреација, со целосно вакцинирани членови на нивното домаќинство, до два часа секој ден, како и неограничено да вежбаат.
Премиерката Береџиклијан, вели дека државата има за цел да ги отвори меѓународните граници до Божиќ, бидејќи 78 проценти од населението над 16 години примиле една доза од вакцината, а 45,58 проценти се целосно вакцинирани.
Викторија
Викторија регистрираше 392 нови, локално- стекнати случаи.
Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека низ државните клиники се достaпни 7.000 термини за вакцинација со прва доза “Фајзер”, за следната недела .
Нови, превремени центри за вакцинација ќе бидат отворени низ Викторија, во осум училишта и областите на локалната самоуправа Хјум (Hum), Данденонг (Dandenong) и Кеси (Casey), вклучувајќи грчката православна црква во Торнбери (Thornbury), хиндуистичкиот храм во Мил Парк (Mill Park) и џамијата во Њупорт (Newport).
Последните 24 часа низ Австралија
Премиерот Скот Морисон објави набавка на уште еден милион дополнителни дози од вакцината “Модерна KОВИД-19”, препорачана за секого над 12 годишна возраст.

Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.