Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс повторно руши рекорди по бројот на болни, а расте и бројот на случаи во регионална Викторија

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 22 август 2021 година.

Watu wafanya mazoezi mjini Sydney, Jumapili, 22 Agosti, 2021

Watu wafanya ma.zoezi mjini Sydney, Jumapili, 22 Agosti, 2021. Source: AAP Image/Bianca De Marchi

 

  • Нов Јужен Велс регистрира 830 случаи на КОВИД-19 и три смртни случаи
  • 65 нови случаи на КОВИД-19 забележани во Викторија, од кои најмалку 21 поврзани со појавата во Шепартон
  • Aвстралиската капитална територија регистрира 19 нови случаи на коронавирус
  • Уште еден ден без нови случаи на КОВИД-19 во Квинсленд
 

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс постави уште еден, дневен рекорд со 830 нови локално-стекнати случаи на КОВИД-19. Државата регистрираше и три смртни случаи - двајца мажи, еден во неговите 60 -ти години и еден во 70 -тите години. И двајцата примиле по една доза од вакцината против КОВИД -19. Тртиот случај е жена во 80 -ти години од животот, која не била вакцинирана и била во близок контакт. Трите смртни случаи го зголемија број на жртви од актуелната епидемијата на 71.

Во моментов 550 лица се лекуваат од КОВИД-19 во болница, од кои 94 лица се на интензивна нега.

Министерот за здравство Бред Хазард рече дека Нов Јужен Велс забележува „извонредн“ одзив за вакцинација во изминатите неколку дена.

Резервирајте го денеска, .

Викторија

Викторија регистрираше 65 нови локално- стекнати случаи на КОВИД-19, од кои 55 се поврзани со тековните епидемии, а десет се под истрага.

Само 12 случаи биле изолирани за целиот заразен период.

Најмалку 21 од случаите регистрирани денеска, се поврзани со појавата во регионалниот град Шепартон.

Викторијанците се разбудија оваа недела во заклучување ширум државата.

Полицијата во Викторија објави повеќе од 200 апсења, а шест полицајци биле повредени за време на протестите против заклучувањето, одржани вчера во Мелбурн.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Aвстралиската капитална територија регистрираше 19 нови случаи на КОВИД-19,  од кои шест биле заразни во заедницата.
  • Студент на “Австралискиот национален универзитет” бил тестиран позитивен на вирусот, но бил во изолација.
  • Уште еден ден без нови преноси на вирусот во заедницата во Квинсленд, каде во моментот има вкупно, само 39 активни случаи.
Self-Isolation can impact our mental health and wellbeing.
Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 


Share
Published 22 August 2021 1:40pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends