- Повеќе области во Нов Јужен Велс под построги заклучувања
- Најавена е дополнителна поддршка за бизнисите во Мелбурн
- Aвстралиската капитална територија влегува во заклучување денеска, од 17 часот
- Јужноавстралијците можат да патуваат до Квинсленд со авион
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 345 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 60 активни во заедницата, додека биле заразни. Двајца мажи во 90-тите години од животот, починаа поради КОВИД-19.
Областите на локалната самоуправа Боган, Бурк, Бруарина, Кунамбл, Гилгандра, Наромин, Волгет и Ворен, преку ноќ беа додадени на
Бејсајд, Бурвуд и Стратфилд се предмет на дополнителни ограничувања за КОВИД-19, почнувајќи од денеска, од 17 часот, со што вкупниот број области на локалната самоуправа под заклучување во Сиднеј изнесува 12.
Викторија
Викторија регистрираше 21 нов, локално стекнат случај, од кои четири не се поврзани со познати епидемии. Шест случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Министерот за работни места, иновации и трговија, Мартин Пакула, најави дополнителна поддршка за повеќе од 100,000 бизниси во Мелбурн, погодени од втората недела заклучување.
Последните 24 часа низ Австралија
- Територијата на главниот град на Австралија, го евидентира првиот локален случај со КОВИД-19 во текот на една година, и влегува во
- Квинсленд регистрира 10 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со познати епидемии и ставени во карантин додека биле заразни.
- Премиерката на Квинсленд, Палашчук, вели дека Јужноавстралијците можат да дојдат во Квинсленд со авион, и ги предупредува жителите да не ја преминуваат границата со Нов Јужен Велс.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.