Најнови информации за КОВИД-19: Нов дневен рекорд во НЈВ, а вакцината “Модерна” привремено одобрена

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 10 август 2021 година.

Watu wakufanya usafi waingia ndani ya shule ya umma ya Bondi Beach, Bondi, Sydney, Jumanne, 10 Agosti, 2021

Watu wakufanya usafi waingia ndani ya shule ya umma ya Bondi Beach, Bondi, Sydney, Jumanne, 10 Agosti, 2021 Source: AAP Image/Dan Himbrechts

  • Премиерката на НЈВ вели дека непочитувањето на правилата го зголемува бројот на случаите
  • Викторијците се вакцинираат во голем број
  • Новите случаи во Квинсленд биле во карантин додека биле заразни
  • Управата за терапевтски производи, The Therapeutic Goods Administration, привремено ја одобри вакцината “Модерна КОВИД-19”
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 356 нови, локално стекнати случаи, од кои една третина биле во заедница, за време на заразниот период. Три постари луѓе, кои не беа вакцинирани, починаа, со што бројот на смртни случаи поврзани со КОВИД, за време на тековната епидемија, се искачи на 32.

Областите на локалната самоуправа Byron Shire, Richmond Valley, Lismore и Ballina Shire, сега се заклучени до вторник, 17 август, до 12.01 часот.

Премиерката Гладис Береџиклијан, вели дека непочитувањето на јавните здравствени наредби, останува главната причина што се шири вирусот и ги повикува сите да се вакцинираат.

Најдете го тука списокот со клиники за вакцинација.

Викторија

Викторија забележа 20 нови, локално стекнати случаи, поврзани со постоечките кластери, од кои само пет биле во карантин додека биле се заразни.

Министерот за здравство, Мартин Фоли, вели дека до следниот месец, се закажани 333.000 вакцинации во државата.

Жителите на Мелбурн, кои се упатуваат кон регионалните области, може да се соочат со казни до 5000 долари, при што околу 200 полицајци се распоредени на главните и споредните патишта низ државата.

Најдете го тука списокот со центри за вакцинација.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Квинсленд забележа три нови, локално стекнати случаи. Најдете тука ограничувања за Југоисточен Квинсленд.
  • Владата обезбеди 25 милиони дози на вакцината “Модерна КОВИД-19”, а десет милиони дози се очекува да пристигнат пред крајот на 2021 година.


Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 10 August 2021 1:33pm
Updated 10 August 2021 1:35pm
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends