Најнови информации за КОВИД-19: Започна националната ре-вакцинација, а Мелбурн го откри планот за ревитализација

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 8 ноември 2021 година

A $44 million package has been unveiled to revitalise Melbourne's CBD as workers and visitors return after the city's sixth lockdown.

A $44 million package has been unveiled to revitalise Melbourne's CBD as workers and visitors return after the city's sixth lockdown. Source: AAP

Најважни моменти

  • Програмата на австралиската влада за ре-вакцинација со трета, засилувачка доза, официјално започнува денеска, за лицата постари од 18 години, кои се вакцинирале со две дози пред најмалку шест месеци.
Можете да закажете термин со посета на вев-страницата или преку пронаоѓачот на клиника за вакцини на .

  • Објавен е пакет од 44 милиони долари за ревитализација на централниот деловен дистрикт CBD во Мелбурн, вклучително и шема за попуст за јадење среде недела, вредна 5 милиони долари.
  • Денеска, исто така, вакцината против Ковид-19 на “Фајзер”, почна да биде администрирана во аптеките во заедницата.
  • Од денеска, ограничувањата ќе бидат дополнително ублажени за вакцинираните лица во Нов Јужен Велс, вклучувајќи остранување на ограничувањата на бројот на луѓе дозволени во домовите или на собирите на отворено.
  • Владата на Викторија воведува бесплатни, домашни брзи-антигенски тестови за училиштата.
Статистика за КОВИД-19:

  • Во изминатите 24 часа Викторија забележа 1,126 нови, локални случаи и пет смртни случаи
  • Нов Јужен Велс регистрираше 187 нови случаи и седум смртни случаи
Во тек е трката на светот за вакцинирање против KОВИД-19. Од 6 ноември 2021 година, бројот на вкупни администрирани дози достигна 7,2 милијарди, со неодамнешен просек од 27,2 милиони дози дневно.

Табелата подолу го прикажува напредокот на земјата во вакцинирањето на нејзиното население на секои 100 луѓе. Го прикажува бројот на делумно вакцинирани луѓе, дефинирани како оние кои примиле најмалку една доза вакцина и бројот на луѓе целосно вакцинирани, дефиниран како оние кои ги примиле сите дози пропишани со протоколот за вакцинација.


Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 8 November 2021 2:06pm
Updated 8 November 2021 2:15pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends