- Сојузниот министер за здравство, Грег Хант, вели дека денес е „ден на пресвртница “, бидејќи се очекува Австралија да ја надмине целта за вакцинација со единечна доза од 90 проценти.
- “Управата за терапевтски производи” даде привремено пред-одобрение за вакцината “Спајквекс” (SPIKEVAX) мРНА КОВИД-19 на “Модерна” за возрасна група од 6 до 11 години.
- Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашej, вели дека може да се воведат дополнителни ограничувања во Голд Коуст, доколку се појават дополнителни неповрзани случаи.
- 33 случаи во Територијата на главниот град на Австралија се поврзани со нелегална забава за “Ноќта на вештерките” во Канбера.
- 80 отсто жители на Тасманија сега се целосно вакцинирани.
- Од 1 декември, Фиџи повторно ќе ги отвори границите со Австралија, без карантин, за носителите на пасоши на Фиџи, целосно вакцинирани иматели на дозволи и жители кои се враќаат.
Статистика на Kовид-19:
- Викторија забележа 1.313 локално стекнати случаи и четири смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 261 нов случај во заедницата и еден смртен случај.
- Квинсленд забележа два нови случаи, од кои еден не е поврзан со тековната епидемија.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.