Најнови информации за КОВИД-19: Мелбурн излезе од заклучување, а “Квантас” побрзо ќе продолжи со меѓународните летови

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 22 октомври 2021 година

Melbourne emerges from lockdown.

Melbourne has emerged from the world's longest lockdown, and as vaccination rates continue to rise. Source: AAP

 

  • Викторија регистрира 16 смртни случаи поврзани со KОВИД-19 и 2.189 нови локални случаи со крајот на заклучувањето
  • „Квантас“ предлага продолжување на меѓународните летови
  • Премиерот Скот Морисон изјави дека Владата е во завршна фаза да обезбеди меур за патување со Сингапур.
Викторија

Викторија регистрираше 2.189 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19 додека Мелбурн излезе од најдолгото кумулативно заклучување на светот. Имаше и 16 смртни случаи.

Државата е на пат да достигне до 80 проценти двојно дозирање до 30 октомври, една недела пред првичната проценка на 5 ноември.

Премиерот Даниел Ендрјус, рече дека Викторија ќе ги укине барањата за карантин за целосно вакцинирани Австралијци кои пристигнуваат од странство заклучно со 1 ноември.

Кликнете тука за да резервирате термин за вакцина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс бележи 345 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19, како и пет смртни случаи, додека државата се подготвува инфекциите да се зголемат по крајот на заклучувањето.

Говорејќи на аеродромот во Сиднеј утрово, премиерот Доминик Перотет, рече дека државата е на „патот кон закрепнување“, бидејќи “Квантас” објави дека враќа персонал од следната недела и воведува повеќе меѓународни летови.

Премиерот Скот Морисон рече дека владата е во завршна фаза на обезбедување патнички балон со Сингапур, што се очекува да биде финализирано за една недела или повеќе.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територијата на главниот град на Австралија

Над 84 проценти од жителите на Територијата на главниот град на Австралија, на возраст од  над 12 години, се целосно вакцинирани, при што територијата регистрираше 13 нови случаи.

Кликнете тука за да резервирате термин за вакцина.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд не забележа нови случаи на заедница, но постои загриженост за ниските стапки на вакцинација во Логан. Утре ќе биде организирана блиц -саботна вакцинација, со учество на над 100 училишта.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 22 October 2021 3:18pm
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends