- Жителите на Графтон, во северниот дел на Нов Јужен Велс, повикани да се тестираат
- Викторија сега има 6.666 активни случаи
- Територијата на главниот град на Австралија влегува во седматa недела заклучување
- Квинсленд евидентира нов случај во домашен карантин
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.063 нови, локално-стекнати случаи и шест смртни случаи.
Заклучувањето ќе заврши денеска за областите на локалната самоуправа Оринџ (Orange) и Глен Инес (Glen Innes) , додека за областа Наромајн (Narromine) тоа завршува во сабота, 25 септември.
Фрагменти од вирусот се пронајдени во примероци од отпадни води од Графтон, во северниот дел на Нов Јужен Велс, каде што нема познати случаи со Ковид.
Викторија
Викторија забележа 766 нови, локално-стекнати случаи, што претставува највисоката дневна бројка во пандемијата. Четири лица починаа од вирусот.
Повеќе од 100.000 наставници во државата, заедно со работниците за згрижување деца, ќе треба да примат барем една доза од вакцината против Ковид-19, пред 18 октомври, а треба да бидат целосно вакцинирани до 29 ноември, освен ако немаат медицинско ослободување.
Целосно вакцинираните Викторијци од Сиднеј ќе можат да се вратат дома од 30 септември. Треба да имаат негативен тест за КОВИД-19 не постар од 72 часа и да поминат 14 дена во карантин, што може да се направи дома.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 16 нови, локално-стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи достигна 674.
Жителите на возраст меѓу 12 и 59 години, од денеска можат да добијат вакцина “Модерна” преку нивната локална аптека.
Последните 24 часа низ Австралија
Федералниот министер за туризам, Дан Техан, рече дека владата ги подготвува своите системи, вклучително и пасоши за вакцина, за да овозможи меѓународно патување „најдоцна до Божиќ“ без задолжителен хотелски карантин.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.