- Нов Јужен Велс достигна 40 проценти вакцинација со двојна доза
- Викторија најавува поддршка за ранливите заедници
- Територијата на главниот град на Австралија регистрира 15 нови, локални случаи
- Квинсленд забележа за еден нов локален случај
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1485 нови, локално-стекнати случаи и три смртни случаи. Над 1000 лица се во болница, од кои 175 луѓе на интензивна нега, а 72 на кислородна поддршка.
Нов Јужен Велс веќе достигна 40 проценти вакцинација со двојна доза, и 73 проценти со прва доза. Премиерката Гладис Береџклијан, вели дека државата „сигурно нема да има повеќе заклучување низ целата земја“ откако ќе се постигне вакцинација од 80 проценти, но таа предупредува дека бројот на случаи следните две недели, ќе го достигне врвот.
Кликнете тука, за да резервирате денеска, термин за вакцинација.
Викторија
Викторија регистрираше 183 нови, локално- стекнати случаи, од кои 101 се поврзани со познати епидемии.
Министерот Лук Донелан, најави продолжување на пакетот за поддршка од 27 милиони долари, наменет за ранливите заедници.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Последните 24 часа низ Австралија
Територијата на главниот град на Австралија забележа 15 нови случаи, од тие 13 се поврзани со познати групи. Шестмина беа во карантин за време на целиот заразен период.
Еден нов локално стекнат случај во Квинсленд, е мајка на дете кое вчера беше позитивно.
Западна Австралија сака најмалку 80 проценти од своите жители со право на вакцинација, да бидат вакцинирани, пред да одреди датум за остранување на строгото затворање на границите.

Source: ALC
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.