Најнови информации за КОВИД-19: Федералната влада најави пасоши за вакцини, од октомври

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 8 септември 2021 година.

A member of the public scans a QR code to check into a seafood store in Bankstown, Sydney, Wednesday, September 8, 2021. (AAP Image/Bianca De Marchi) NO ARCHIVING

A member of the public scans a QR code to check into a seafood store in Bankstown, Sydney, Wednesday, September 8, 2021. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Фрагменти од вирусот откриени на средно-северниот брег во Нов Јужен Велс
  • Ограничувањата се намалуваат во регионалната Викторија, со исклучок на Шепартон
  • Територијата на главниот град на Австралија ги повикува учениците од 12 -та година да ги резервираат своите термини за вакцинација, по телефон
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.480 нови, локално-стекнати случаи, како и девет смртни случаи. Од деветмина починати, седуммина биле невакцинирани.

Фрагменти од вирусот се откриени во областа Бони Хилс, додека предградијата Глебе, Ватерло, Редферн и Мариквил, исто така имаат зголемен број случаи. NSW Health ги повикува жителите од овие области да се вакцинираат.

Премиерката Гладис Береџиклијан вели дека 75 проценти од жителите, веќе ја примиле првата доза од вакцината, додека 45 проценти се целосно вакцинирани.

Викторија

Викторија забележа 221 нови, локално-стекнати случаи, од кои 98 се поврзани со познати епидемии.

Од 9 септември, на полноќ, , освен во Шепартон и пошироката околина, и петте причини за напуштање на домот повеќе нема да важат.

Има повеќе од 10.000 достапни термини за вакцинација со “АстраЗенека”, за следната недела.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 20 нови, локално-стекнати случаи, со најмалку 11 во заедницата додека се заразени.

Се повикуваат студентите од 12-та година, да закажат приоритетен термин за вакцина, пред 17 септември, во со јавување на линијата за резервации на .

Последните 24 часа низ Австралија

Федералната влада објави пасоши за вакцини, за меѓународни патувања, од октомври, но без јасни индикации, кога ќе се отворат границите на Австралија.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 8 September 2021 1:50pm
Updated 8 September 2021 4:05pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends