· Уште еден голем пораст на бројот на КОВИД-19 случаи во Нов Јужен Велс
· Над 450 места за изложеност на КОВИД-19 во Мелбурн
· Во Квинсленд нема заразни коишто биле активни во заедницата
· Сега има вкупно седум активни случаи во Aвстралиската капитална територија
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 466 нови, локално стекнати случаи и четири смртни случаи. Најмалку 68 случаи биле во заедницата додека биле заразни.
Дополнителни 500 припадници на австралиските одбранбени сили, од понеделник, на 16 август, ќе и се приклучат на на полицијата на Нов Јужен Велс, во операцијата за обезбедување почитување на правилата, рече премиерката Гладис Береџиклијан, воведувајќи построги ограничувања.
Оние што ја напуштаат пошироката околина на Сиднеј, мора да . Ограничувањето од 10 километри е намалено на 5 километри, за сите жители на Голем Сиднеј.
Од понеделник 16 август, жителите во , ќе можат да излезат на отворено само за да вежбаат и да ги надгледуваат децата, при што нема да биде дозволена рекреација на отворено.
Казните за прекршување на наредбите за јавно здравје се зголемија на 5000 долари.
Викторија
Викторија има регистрирано 21 нов локално стекнат случај, од кои три не се поврзани со познати епидемии. Десет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Трговскиот центар Чедстон (Chadstone shopping centre) во Мелбурн, е прогласен за место за изложеност на КОВИД-19. Сега има повеќе од , вклучувајќи го и трговскиот центар Хајпоинт (Highpoint shopping centre) и неколку големи станбени блокови.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд регистрира шест нови локално стекнати случаи, сите поврзани со познати епидемии и ставени во карантин додека биле заразни.
- Aвстралиската капитална територија евидентира еден нов локално стекнат случај, со што вкупниот број на активни случаи се искачи на седум.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.