Најнови информации за КОВИД-19: Властите повикуваат на повисоки стапки на тестирање и вакцинација

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 17 август 2021 година.

Jeshi la Ulinzi la Australia

Maafisa wa jeshi la Australia, wawasaidia watu walio enda kupokea chanjo katika kituo cha chanjo cha Qudos Bank Arena, NSW. Source: AAP Image/Bianca De March

 

  • Мнозинството нови случаи во Нов Јужен Велс се лица под 40 години
  • Викторискиот премиер повикува на повисоки стапки на тестирање
  • 17 нови, локално стекнати случаи во Aвстралиската капитална територија
  • Нема нови случаи во Северната територија
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 452 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 50 биле во заедницата, додека биле заразни. Притоа, 75% од новите случаи се лица помлади од 40 години. Жена во доцните 70-ти години, која не беше вакцинирана, почина од КОВИД-19.

Се повикуваат жителите на Ленокс Хед  да се тестираат, бидејќи се откриени фрагменти од КОВИД при тестирање на отпадни води во локален објект.

Премиерката Гладис Береџиклијан издаде специјален повик,  да се вакцинираат лицата над 70 годишна возраст.

Викторија

Викторија забележа 24 нови, локално стекнати случаи, од кои три не се поврзани со познати епидемии. Десет случаи беа во заедницата додека беа заразни.

Премиерот Даниел Ендрјус, повикува на зголемување на тестирањето, особено во предградијата на областа Сент Килда, вклучувајќи ги Порт Филип и Бејсајд.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Aвстралиската капитална територија евидентира 17 нови, локално стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи во Канбера достигна 45. Сега во оваа територија има близу .
  • Северната територија бележи нула нови локално стекнати случаи од 1.846 тестови спроведени вчера.
  • Квинсленд регистрира еден локално стекнат случај, кој бил во домашен карантин.
alc covid mental health
Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 17 August 2021 1:22pm
Updated 17 August 2021 2:35pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends