Сојузниот министер за здравство, Грег Хант, рече дека “Фајзер” ја започна апликацијата со Управата за терапевтски производи- TGA, за одобрување на вакцини за возрасната група од 5 до 11 години.
Вакцинацијата за таа возрасна група ќе започне веднаш штом ќе се добие одобрение од Австралиската техничко-советодавна група за вакцини, ATAGI- The Australian Technical Advisory Group on Immunisation.
Г-дин Хант, исто така, вели дека во следните неколку дена, Австралија ќе ја надмине стапката на вакциназија со двојна доза од 80 проценти.
Во меѓувреме, градот Гундивинди во Квинсленд ќе добие нови капацитети за тестирање, бидејќи таму се појавуваат нови случаи. Сепак, градот нема да оди во заклучување.
Додека Австралија денеска го слави празникот Дивали, “Мултикултурната служба за здравствена комуникација на Нов Јужен Велс”- NSW Multicultural Health Communication Service има неколку совети.
Статистика за КОВИД-19
- Викторија забележа 1.247 нови случаи во заедницата и девет смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 308 нови и четири смртни случаи.
- Квинсленд забележа три нови локално стекнати случаи.
- Територијата на главниот град на Австралија забележа 13 нови, локално стекнати случаи.
Ре-вакцинација
Засилувачките дозите ќе бидат достапни за Северната Територија, од понеделник, 8 ноември. Третата дозата не е задолжителна за никого во овој момент.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.