Најнови информации за КОВИД-19: “Австралија е една од највакцинираните земји во светот“, рече премиерот

PM Morrison

Speaking from Parliament House, Canberra, PM Scott Morrison said that Australians will be able to travel overseas from next Monday. Source: AAP

 

  • Премиерот Скот Морисон најави дека засилувачките дози за ревакцинација ќе бидат достапни од 8 ноември.
  • Пред повторното отворање, Викторија бележи најголем дневен број смртни случаи во тековната епидемија
  • Квинсленд отпушти повеќе од 150 полицајци поради задолжителна вакцинација
Викторија

Викторија забележа најголем дневен број смртни случаи од КОВИД, евидентирајќи 25 смртни случаи и 1.923 нови случаи на коронавирус.

Ова доаѓа во време кога државата утре треба повторно да се отвори.

Премиерот Скот Морисон изрази длабоко сочувство до семејствата на починатите и рече: „Тоа е отрезнувачки потсетник за ужасната реалност на оваа пандемија“.

Victoria Health вели дека оние кои тврдат дека се изземени од вакцинација против КОВИД-19 сега ќе мора да ја приложат копијата од Австралискиот регистар за имунизација како доказ.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 293 нови локално стекнати и два смртни случаи.

Има 15 потврдени случаи на КОВИД-19 поврзани со Градската теретана во Дарлингхарст.

Луѓето кои ја користеле теретана во одредени периоди помеѓу 18 и 23 октомври или на 25 октомври се сметаат за случајни контакти и мора веднаш да се тестираат и да се изолираат додека не добијат негативен резултат.

Министерот за услуга на клиенти, Виктор Доминело, рече дека од петок, луѓето ќе добиваат известување преку апликацијата Service NSW доколку посетиле локација за изложеност.

Најдете во Ваша близина.

Квинсленд

Речиси 150 полицајци од Квинсленд остануваат суспендирани, поради неуспехот да се вакцинираат до крајниот рок на 4 октомври.

Квинсленд денеска не регистрираше нови случаи.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Вакцините на “Фајзер” ќе бидат достапни во сите аптеки низ Австралија за примарни, секундарни или засилени дози од 8 ноември.
  • Територијата на главниот град на Австралија регистрираше осум нови случаи на коронавирус.
  • Премиерот Скот Морисон вели дека три четвртини од Австралијците сега се целосно вакцинирани.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 


Share
Published 28 October 2021 2:28pm
Updated 28 October 2021 2:34pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends