- Австралија официјално надмина вакцинација од 90 отсто со првата доза
- Премиерот Скот Морисон вели дека федералната Влада нема да се меша во законите за пандемија на Викторија.
- Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, вели дека не сака да ги откаже училишните прослави т.н schoolies, но ќе мора да донесе тешки одлуки доколку се појават неповрзани случаи.
- Тасманија ја повикува возрасната група од 16 до 24 години да се вакцинира, бидејќи ги разгледува ограничувањата за собири и настани како што се музички и фестивали за танц за целосно вакцинирани луѓе.
- Комесарот за вакцини во Западна Австралија, Крис Досон, упати личен апел до старешините од домородните заедници со најниски стапки на вакцинација во земјата.
- Од 15 ноември, изборната хирургија ќе се врати во полн капацитет за пациентите во Сиднеј и пошироката околина.
Статистика на Ковид-19:
- Викторија забележа 1.115 локално стекнати случаи и девет смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 286 нови случаи во заедницата и два смртни случаи.
- Територијата на главниот град на Австралија забележа 15, Квинсленд два нови локални случаи.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.