Патувања
- Вакцинираните, австралиски државјани и постојаните жители, кои живеат во Нов Јужен Велс, Викторија и Канбера, од денеска ќе можат да летаат меѓународно ниво, без формално одобрение или без потреба од карантин, по враќањето во земјата.
- Родителите на австралиските државјани и постојаните жители, исто така, можат да патуваат во Австралија од денеска, со апликации направени преку порталот за одобрение за патување .
- Целосно вакцинираните жители од денеска можат да патуваат за одмор и рекреација, меѓу Сиднеј и пошироката околина и регионалните делови на Нов Јужен Велс.
- Повеќе не се потребни “Декларации за влез во Нов Јужен Велс” за жителите на пограничниот регион.
- Од денеска, луѓето кои живеат во Викторија нема да можат да патуваат во Нов Јужен Велс на одмор или рекреација, доколку се постари од 16 години и не се целосно вакцинирани.
- Целосно вакцинираните жители на Канбера сега можат да патуваат во Нов Јужен Велс и Викторија.
Ре-вакцинација
Возрасните жители во Нов Јужен Велс кои примија втора вакцина против КОВИД-19 пред повеќе од шест месеци, сега можат да добијат трета вакцина од аптеките, клиниките на матични лекари и центрите за масовна вакцинација.
Статистика за КОВИД-19
- Викторија регистрираше 1,471 нови, локално стекнати случаи и четири смртни случаи.
- Нов Јужен Велс регистрираше 135 нови случаи во заедницата и четири смртни случаи.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.