Најнови информации за КОВИД-19: Територијата на главниот град на Австралија го продолжи заклучувањето, властите бараат граѓаните да ја земат предвид вакцината “АстраЗенека”

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 31 август 2021 година.

The ACT reported 13 new local COVID-19 cases on Tuesday, including at least eight that were infectious in the community.

The ACT reported 13 new local COVID-19 cases on Tuesday, including at least eight that were infectious in the community. Source: AAP Image/Lukas Coch

 

  • Во Нов Јужен Велс, 67 проценти од жителите примиле прва доза од вакцината против КОВИД-19
  • Викторија има над 1.000 места за изложеност на КОВИД-19
  • Територијата на главниот град на Австралија го продолжува заклучувањето до 17 септември
  • Јужна Австралија го укинува ограничувањето за патниците од Северната територија и од Квинсленд
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.164 нови локално стекнати случаи, од кои 796 во западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Три лица починаа од вирусот.

Главната здравствена службеничка Др. Кери Чант, ги повикува жителите на Гилдфорд, Мерилендс, Обурн, Гринакрер, Банкстеун и Блектаун да се тестираат.

Министерот за здравство Бред Хазард, ги советува сите над 18 години да ја примат вакцината “АстраЗенека”,  бидејќи нема доволно вакцини “Фајзер”.

Во понеделникот беше објавено дека маж од абориџинско потекло во Даббо, е првиот човек што починал од КОВИД-19, во тековната појава, во западниот дел на Нов Јужен Велс.

Викторија

Викторија забележа 76 нови, локално-стекнати случаи, од кои 31 се уште не се поврзани со постоечките епидемии.

Премиерот Ендрјус, кој утре ќе објави план за ублажување на ограничувањата, вели дека „вистинската вакцина е онаа што може да ја добиете“, посочувајќи дека има достапни многу вакцини од типот “АстраЗенека”.

Сега има над 1.000 локации на листата на места за изложеност, вклучувајќи неколку станбени згради во Мелбурн.

Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 13 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку осум во заедницата додека биле заразени.

 

Новата клиника за масовна вакцинација против КОВИД-19 во Канбера, ќе биде отворена во петок, 3 септември, во Australian Institute of Sport Arena. Заклучувањето е продолжено до 17 септември, со нови ограничувања од четврток, во 17 часот.

Проверете го тука Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

Јужна Австралија ги укинува сите ограничувања за луѓето што патуваат од Југоисточен Квинсленд и од Кетрин, во Северната територија.
alc covid mental health
Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

 

 

 


Share
Published 31 August 2021 1:34pm
Updated 1 September 2021 2:15pm
By SBS/ALC Content
Source: SBS


Share this with family and friends