До сега на сите ни беше кажано на што треба да внимаваме за- од висока температура до сува кашлица, отежнато дишење или дури и замор.
Има студии во повеќе земји кои го истражуваат феноменот на асимптоматски случаи на „Ковид-19“ в Исланд, Јапонија, Кина и овде во Австралија.
Во испитувањата на JAMA Network Open, истражувачите во Кина откриле дека од 78 пациенти, 42,3 проценти не покажале симптоми.
Друга студија од австралиските истражувачи, објавена од Торакс, откри дека од 217 лица на бродот за крстарење Грег Мортимер, повеќе од осум од десет лица кои биле позитивни на тестовите за „Ковид-19“ биле асимптоматски.
Кои се пред-симптоматски и асимптоматски преноси?
Пред-симптоматски е периодот по изложеноста, но пред да пристигнат симптомите на вирусот.
Но, дури и без симптоми, не значи дека нема потенцијален пренос на вирусот. Забележани се студии за луѓе кои биле позитивни еден до три дена пред да фатат било какви симптоми.
Асимптоматска трансмисија е кога вирусот се шири од лице кое нема симптоми на Ковид-19.
Што мислат експертите за неодамнешните студии?
Професорката Раја Мекинтрир, раководител на Програмата за биосигурност при Институтот Кирби, вели дека постои „значителен доказ дека асимптоматската и пред-симптоматската инфекција е честа појава кај Ковид-19 “.
Таа упатува на студиите за нега на стари лица и други случаи кои „откриле дека 50 или повеќе проценти од сите позитивни случаи се асимптоматски“.
Во почетокот на мај, во Грант Лоџ, дом за нега на стари лица во Бахус Марш, предградие на Мелбурн, беше откриен вработен асимтоматски позитивен на тестот за коронавирус.
„Не треба повеќе да се расправаме за ова. Контакти со висок ризик во ситуации на појава и ширење, без оглед дали се поврзани со семејни контакти или случаи во затворен простор, треба да бидат тестирани без оглед на симптомите или случаите да бидат пропуштени“, рече професорот Мекинирт.
„На луѓето им се потребни 10-14 дена за да развијат антитела, така што не е изненадувачки што брзиот тест заснован на антитела бил со ограничена употреба при брзо ширење на вирусот“.
Некои експерти не се толку сигурни за природата на асимптоматските случаи на „Ковид-19“.
Сањаја Сенајаике е специјалист за заразни болести на австралискиот национален универзитет.
Тој во однос на студијата од Кина, каде што авторите заклучуваат дека асимптоматските случаи можеби не се изолирале бидејќи немале симптоми вели:
„[Истражувачите] не разгледале дали се појавиле секундарни случаи од нив„ кои не се самоизолирани, вели тој.
Во февруари, е потврдено дека повеќето асимптоматски пациенти за време на тестирањето завршија со развој на симптоми. За професорот Сенанаике е неизвесно дали тие пациенти во студијата се разболеле или не.
„Друго ограничување овде, што авторите го прифаќаат, е колку проценката била точна за случаите кои немаат никакви симптоми. Дали е можно дека тие иако не се чувствувале сосема добро дека тие сè уште не се чувствуваат 100% како што треба, на пр. тие беа во ред кога се одмарале, но не се чувствувале способни за физички вежби на пример? “
Тој ги наведува „различните пропорции на асимптоматски случаи во различни студии“ за ограничувањата на разбирањето на природата на асимптоматските случаи на „Ковид-19“.
Исланд откри дека 50% од луѓето кои по тестирањето биле позитивни биле без симптоми, 30,8% биле пронајдени во Јапонија, додека во друга студија од Кина имало 80%.
„Тешко е да се знае кој е правилен. И покрај тоа што се приближуваме кон разбирање на процентот на асимптоматски случаи со„ Ковид-19 “, сè уште не знаеме со сигурност за големината на влијанието што тие го имаат во понатамошното пренесување на случаи на пр. дали тие генерираат многу секундарни случаи или само мал дел? "
„Со други зборови, имаше четири асимптоматски преносители за секој болен патник“.
Професорот Иво Мулер е епидемиолог во Институтот за медицински истражувања Волтер и Елиза Хол.
Тој објаснува дека да се разбере колку е честа асимптоматска инфекција за пренесување на „Ковид-19“ не е важно само за да се добие појасна слика за оние што се изложени на вирусот, туку „ќе влијае на нашите предвидувања за тоа како може да се развие пандемијата „ Ковид-19 “ во текот на следните месеци "
„И кои интервенции се најважни за да се спречи вториот бран случаи и смртни случаи“, вели тој.
Истражувањето за брод за крстарење Грег Мортимер, во кое имало 96 австралиски патници, откри дека од 217 лица на бродот, 128 биле позитивни на „Ковид-19“. Од оние кои се заразиле со вирус, 104 лица не покажале никакви симптоми - што е 81% од случаите кои биле позитивни на тастирањето.
"Со други зборови, за секој болен патник имало четири асимптоматски носители. Ако истата шема се повтори на друго место, тоа значи дека во земји кои само тестираат симптоматски случаи, вистинскиот товар на инфекции може да биде пет пати поголем од тековно пријавениот", вели проф Мулер.
Професорот Мулер вели дека утврдувањето на „вистинската зараза од асимптоматските носители од сите возрасти сега мора да биде итен приоритет“.
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите. Какви ограничувања постојат за вашата држава или територија проверете на:
Тестирањето за коронавирус сега е широко достапно низ Австралија. Доколку имате симптоми на настинка или грип, закажете тест повикувајќи го вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.
Апликацијата за следење на коронавирус на Сојузната влада е достапна за преземање и од апликацијата на вашиот телефон.
СБС е посветена на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања на COVID-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на