СБС побара од вонредниот професор по медицина и заразни болести при Австралискиот Национален Универзитет (ANU), Сањаја Сенанаике да објасни што вели науката како одговор на врвните митови за коронавирусот што кружат во заедницата.

Associate Professor Sanjaya Senanayake. Source: Supplied
Проф. Сенанаике: „Знаеме дека луѓето со најголем ризик да заболат од навистина лоша или сериозна инфекција со КОВИД се постарите лица, особено луѓе над 65 или 70 години и лица со основни здравствени проблеми. Како и да е, ние дефинтивно имаме регистрирано млади и здрави луѓе заболени од Ковид-19 кои завршиле на интензивна нега, па дури и да починале. Значи, иако шансите млада здрава личност да добие сериозна инфекција и да го загрози неговиот животот е многу мала, тоа е секако присутно. Некои од луѓето кои починале од КОВИД-19 биле целосно здрави ".
"Од повеќе од една четвртина милиони луѓе кои починале низ целиот свет, околу 20 деца се меѓу починатите. Не знаеме дали и овие деца беа здрави."

Elderly care in nursing home - doctor with patient. Source: Getty Images
Проф. Сенанаике: "Постојат некои докази дека УВ-зрачењето може да влијае на вируси како грип, но не е многу силен доказ. Се чини дека еден вид на УВ-зрачење наречена UVC може да има најдобра активност против коронавирусите, но може да биде опасна за луѓето. Посебен вид на УВ - зрачење наречен Far-UVC беше испитуван. Тоа зрачење можеби не е опасно за луѓето, но сепак е опасно за вируси и бактерии. Сепак, недостасуваат добри студии студии засновани на испитување врз луѓе. "
Мит: Јадењето лук, земањето додатоци на витамин Д или земањето лекови од билки и домашни лекови ќе ја спречи инфекцијата со коронавирус.
Проф. Сенанаике: "Не постои добар научен доказ дека е тоа случај. Ако се чувствувате подобро со земање лук и слично, ако тоа ве прави да се чувствувате подобро, тоа е добро, но не правете го тоа затоа што мислите дека ќе спречите инфекција од КОВИД-19 "
Мит: Пиењето топла вода, алкохол или вода co лимон ќе ми го исчисти грлото од вирусот.
Проф. Сенанаике: "Пиењето топла вода и вода со лимон може да го направи грлото малку подобро, но нема да го убие вирусот. Тоа нема антивирусна активност."
Мит: Вирусот живее во грлото неколку дена пред да ги зарази белите дробови и тој се уништува со високи температури, така што пиењето топла вода после заразата со вирусот ќе ме спречи да се разболам.
Проф. Сенанаике: „Вирусот започнува во грлото и носот, но, повторно, како што разговаравме за топлата вода, нема докази дека миење на устата, топлата вода, го убиваат вирусот“.
Мит: Пиењето вода почесто ќе го пренесе вирусот во мојот стомак, каде што стомачните киселини ќе го убијат, наместо тој да минува низ моите дишни патишта.
Проф. Сенанаике: "Нема докази дека тоа е така. Постојат многу здравствени причини зошто е добро да пиете многу вода, но не и за КОВИД-19. Луѓето со КОВИД-19 можат да најдат вирус во својата столица, така што тоа значи дека киселината на желудникот не го убива секогаш “.
Мит: Пиењето алкохол како на пример виски ќе ми го стерилизира грлото и ќе го убие вирусот.
Проф. Сенанаике: „Не, нема докази дека пиењето алкохолни пијалоци со висок процент на алкохол ќе го убие вирусот, но наместо тоа, тоа може да биде штетно за вашето здравје од други причини.
„Се сомневам дека оваа гласина може да потекнува од фактот што знаеме дека алкохолот е ефикасен при убивање на вирусот на вашите раце, но тоа е за рацете, а не за вашето тело - тие се две многу различни работи“.

Can children be poisoned by hand sanitisers? Source: Getty/Flavia Morlachetti
Мит: Лекот против ХИВ, PrEP, може да ме заштити да се заразам со коронавирус.
Проф. Сенанаике: „Овој [мит] веројатно настанал затоа што постои лек за ХИВ, комбиниран лек, наречен Лопинавир-Ритонавир, за кој се претпоставува дека има дејство против КОВИД-19. Сепак, случајно контролирано испитување беше објавено во New England Journal of Medicine, покажувајќи притоа разочарувачки резултати. Сега, тоа не значи дека сè уште нема дејство, но тоа едно испитување не го покажа тоа и ќе мора да видиме што покажуваат другите студии. Но, дури и овој лек за ХИВ да покажеше дека има дејство против КОВИД-19, не значи дека и другите лекови за ХИВ ќе имаат дејство против КОВИД-19“.
Мит: Лекот против маларија хидроксихлорокин лечи Ковид-19.
Проф. Сенанаике: „Тоа треба да се испита затоа што во лабораторија имаше ефект врз вирусот и имаше едно клиничко испитување во кое се вели дека се чинело дека го убил вирусот, дека имал добро влијание врз вирусот. Но, други истражувањата излегоа со извештаи велејќи дека нема добро влијание врз вирусот.
"И другиот проблем со хидроксихлорокин е тоа што не е лек без ризик; има несакани ефекти. Особено може да влијае на срцето, чукањето на срцето".
Мит: Често капење во топли бањи помага во спречување на инфекција со коронавирус.
Проф. Сенанаике: „Нема докази дека често капење во топли бањи помага во спречување на инфекција со коронавирус“.
Мит: Плакнењето на синусите со солен раствор ќе спречи инфекција со коронавирус.
Проф. Сенанаике: „Ако имате блокирани синуси, тоа може да ви помогне, но нема да го убиете коронавирусот“.
Мит: Mобилните мрежи 5G го шират Квид-19.
Проф. Сенанаике: "Јас дури и не разбирам како 5G технологијата може да шири вирус; нема никаква смисла. КОВИД се случува во земји и делови од држави каде нема 5G".
Мит: Mобилните мрежи 5G го ослабуваат имунолошкиот систем и затоа се причина за пандемијата со КОВИД-19.
Проф. Сенанаике: „Нема докази дека зрачењето од 5G е доволно силно за да го ослаби имунолошкиот систем“.
Исто така, го прашавме Проф. Сенанаике неколку прашања од општ интерес за нашите слушателите:

Source: Getty Images
Прашање: Дали можам да се заразам со вирусот доколку посетам супермаркетот?
Проф. Сенанаике: "Теоретски знаеме дека вирусот може да се шири преку аеросоли. Кога луѓето кашлаат или киваат, можат да шират аеросоли односно капки. И тие можат да завршат на површини, каде што ќе можат да преживеат. Значи, теоретски, можно е да можете да бидете во контакт со вирусот допирајќи нешто што сакате да одберте во супермаркетот, како на пример количка во супермаркетите или на каса, на пример.
„Тоа е причината зошто секогаш кога излегуваме надвор во заедницата каде има наоколу КОВИД-19, треба да се погрижиме често да ги чистиме рацете со дезинфектант за раце.
"[Но] само затоа што го имате на вашите раце, тоа не значи дека сè уште сте заразени. Вие имате можност вирусот да не ве зарази и затоа треба да користите средство за дезинфекција на раце или да ги измиете рацете со сапун и вода. Тоа ќе го убие вирусот на рацете и тогаш ако ја допрете устата, носот или очите, нема да има вирус таму “.
Прашање: Дали можам да се заразам со вирусот ако некој со КОВИД-19 кива далеку од мене?
Проф. Сенанаике: „Една студија покажува дека ако кашлате или кивате, вирусот може да отиде и до 8 метри, но тоа беше само една студија. Но она што ние мислиме е дека луѓето кои се најмалку 1,5 метри далеку од кашлањето и кивањето не се изложени на ризик од инфекција “.
Прашање: Ако заразеното лице не кива или кашла, може ли да го шири вирусот?
Проф. Сенанаик: „Во однос на тоа како ние сметаме што е близок контакт како случај од гледна точка на јавнотo здравство, постојат две дефиниции: ако сте имале контакт лице в лице повеќе од 15 минути или ако сте биле во иста просторија или во затворен простор повеќе од два часа (дури и на растојание од 1,5 метри).
Прашање: Кој е ризикот да го добиете вирусот при допир на површини?
Проф. Сенанаике: "Помал е ризикот да се заразите од површини, но можно е и ако допрете до површината на која некој, кој има вирус штотуку допрел. Во тој случај има поголем ризик да се заразите, но ако тоа лице ја допрело површината пред два дена, можно е да има многу помалку вирус па така ризикот ќе биде многу помал “.
Прашање: Колку време вирусот живее на површини? И на рацете?
Проф. Сенанаике: „Знаеме дека вирусот живее на бакар четири часа, на хартија или картон 24 часа, на челик кој не рѓосува и пластика до 72 часа. Не знаеме колку долго живее на рацете "

Source: Pexels
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите. Какви ограничувања постојат за вашата држава или територија проверете на:
Тестирањето за коронавирус сега е широко достапно низ Австралија. Доколку имате симптоми на настинка или грип, закажете тест повикувајќи го вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.
Апликацијата за следење на коронавирус на Сојузната влада и од апликацијата на вашиот телефон.
СБС е посветена на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања на COVID-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на