Брзината со која се развиени вакцините изненади голем дел од светот.
Велика Британија и Соединетите американски држави по итна постапка ја одобрија вакцината на “Фајзер -Бионтек”/ (Pfizer-BioNTech, а САД сега и вакцината на “Модерна”( Moderna), со што ранливите заедници таму веќе ја добиваат.
И во Австралија, каде случаите на Ковид-19 се повторно во пораст, многумина се прашуваат кога тука ќе започне вакцинацијата.
Федералната влада ја увери јавноста дека доаѓа вакцина и започна со подготовка на сеопфатен план за дистрибуција во првиот квартал од 2021 година, но ништо не е непроменливо.
Ова е она што го знаеме досега.
Зошто Австралија сè уште не ја одобрила вакцина?
Епидемиологот од Универзитетот во Јужна Австралија, професорот Адријан Истерман, рече дека одговорот е едноставен, “нема потреба да се брза”.
Тој рече дека е важно да се запамети дека во Велика Британија и САД, вакцината на “Фајзер - Бионтек”/ Pfizer - BioNTech доби само „одобрение за итни случаи“ , што значи дека испитувањата на третата фаза за вакцината сè уште не се завршени, но потребата е премногу голема за да се чека.

Allergic reactions to the Pfizer/BioNtech vaccine are said to be incredibly rare. Source: Photonews
„Нашиот регулаторен орган [Управата за терапевтски добра/ the Therapeutic Goods Administration] претпочита првo да ги добиеме резултатите од целосното испитување, внимателно да ги погледнеме, да им дадеме категорично одобрување и потоа да почнеме со вакцинирање“, рече професор Истерман, зборувајќи пред да се случи неодамнешната епидемија на локално стекнати случаи во Сиднеј.
Тој очекува за вакцината “Фајзер/Бионтек” (Pfizer/BioNTech) тоа да се случи “во март 2021 година”.
„Необично е да се добие ваква итна употреба, но бидејќи земји како Велика Британија и САД се наоѓаат во вакви тешки ситуации со Ковид-19, тие навистина не можеа да чекаат доволно долго, и тоа е разбирливо“, рече тој.
Кој прв ќе ја прими вакцината?
Вршителот на должноста главен медицински службеник во Австралија, Пол Кели, потврди дека сите вакцини ќе бидат испорачани по редоследни групи, при што приоритет се постарите и здравствено ранливите категории.
Тој рече дека оние со зголемен ризик од изложеност на вирусот, како што се здравствените работници и работниците за грижа за стари лица, ќе бидат втори на списокот, по што следат оние што работат во службите за итни случаи и неопходните работници.
Во кои кандидати-производители на вакцини инвестираше Австралија?
По одлуката да се откаже од кандидатот-производител за вакцини, Универзитетот во Квинсленд, австралиската влада сега има три опции. За сите веројатно ќе бидат потребни две дози за секоја личност и ќе треба да опфатат население од над 25 милиони.
"Астразенека"/ AstraZeneca

Source: SBS News
„Оваа вакцина е она што ние го нарекуваме вирусен вектор. Таа користи вирус на шимпанзо, кој е безопасен за да не зарази, а притоа да ја донесе заштитата “, рече професорот Истерман.
Австралиската компанија за биотехнологија "ЦСЛ"/CSL се обврза да произведе во Мелбурн 50 милиони дози од оваа вакцина. Веќе го започна процесот на производство, но мора да почека “Астразенека”/AstraZeneca да добие регулаторно, одобрување пред да може да се користи.
"Новавакс"/Novavax

Source: SBS News
Тоа е она што професорот Естерман рече дека се нарекува „протеинска вакцина“: испробан и тестиран метод што тој очекува да биде одобрен некаде во новата година.
„Тие во септември, само што започнаа со тестирањата од третата фаза “, рече тој.
„Па повторно, тоа навистина нема да биде достапно, веројатно, барем до мај или јуни следната година“.
"Фајзер-Бионтек" / Pfizer-BioNTech

Source: SBS News
Но, дури и ако оваа вакцина прва се докаже како најефикасна, со оглед на потребата од две дози, само пет милиони Австралијци ќе добијат пристап до неа.
Потпретседателот на австралиската медицинска асоцијација, д-р Крис Мој, рече дека стратегијата на федералната влада да обезбедатдоговори со повеќе компании-кандидати е од витално значење.
„Искрено, ова прашање се обидуваше да ги заштити нашите облози како нација за да имаме пристап до вакцините кои ќе бидат најуспешни“, рече тој. „Не беше можно да се има стратегија „ сите јајца во една кошница” .”
Но, Лабуристите рекоа дека имањето само три потенцијални договори за вакцини не е доволно и дека најдобрата меѓународна практика е да имате пет или шест.
Зарем не е тешко да се чува вакцината “Фајзер”/Pfizer?

The Pfizer/BioNTech vaccine must be kept at very cold temperatures. Source: Getty
Да, потребно е постојано да се чува на околу минус 70 целзиусови степени, со што распостранувањето на оваа вакцина е малку посложено.
„Треба да се чува во специјални контејнери, малку налик на ески, што држат течен азот, којшто одржува крајно ладна темература “, рече професорот Истерман.
На прашањето дали мисли дека Австралија може да се справи со овој дополнителен логистички предизвик, тој рече: „може да се направи“.
„Фајзер ќе ги испраќа низ Австралија во овие специјални, подвижни разладувач. И покрај тоа што е потешко заради барањето за континуран ладен пренос, тоа може лесно да биде реализирано во Австралија “.
МРНА/mRNA вакцините како вакцината “Фајзер - Бионтек”/Pfizer -BioNTech исто така не можат да се произведуваат овде во Австралија, затоа што вклучуваат нов вид технологија.
„Се зборува за развој на сопствена способност за производство на МРНА/mRNA вакцините и мислам дека тоа би било добра идеја за идна пандемија“, рече професорот Истерман.
Што се случи со вакцината UQ / CSL?
Пропадна обидот на Австралија да развие вакцина, кога Универзитетот на Квинсленд и ЦСЛ/ CSL беа месецов принудени да се повлечат од трката, откако сите учесници во испитувањето што ја приија дозата, покажаа лажно позитивни резултати од тестот за ХИВ.
„Немаше ризик да предизвика инфекција од ХИВ“, рече професорот Роберт Буј, експерт за заразни болести од Универзитетот во Сиднеј.
„Она што всушност се користеше беше малку протеини, и немаше никаква врска со вистинскиот заразен вирус“.
Но, научниците беа загрижени дека дури, и ако вакцината беше потполно безбедна, лажно позитивните резултати за ХИВ може да се мешаат во програмата за тестирање на ХИВ во Австралија, да влијаат на поривот за дарување крв, а исто така и перцепцијата и довербата кај јавноста претставуваа загриженост.
Што мислат Австралијците за вакцинирањето?
За една кампања за вакцинација да биде успешна, огромното мнозинство на луѓе треба да бидат добро информирани и подготвени.
Матичниот лекар од Мелбурн, д-р Абишек Верма, рече дека откако го поминал поголемиот дел од годината смирувајќи ја загриженоста на неговите пациенти за КОВИД-19, тој сега ги растерува митовите за потенцијалната вакцина.
"Имавме многу прашања во врска со вакцинациите, дали ќе биде безбедно? Дали ќе биде задолжително? Дали ќе биде потенцијално опасно?" тој рече.
Стравувањата дека може да се оди по скратен пат и да се загрози безбедноста за време на трката за вакцина, се вртат во главите на неговите пациенти.
„Она што го правиме е отворен разговор со пациентите и решавање на нивните проблеми“, рече тој.
„Ние се обидуваме да ги искористиме тие можности, користејќи ги податоците што ги добиваме од Министерството за здравство, како и клиничките испитувања, се обидуваме да користиме практика базирана на докази за да промовираме, според нас, безбедна и ефикасна вакцинација“.
Во ноември, истражувањето на Австралискиот национален универзитет, спроведено врз 3.061 возрасен Aвстралиец, открило дека 58,5 проценти рекле дека дефинитивно ќе вакцинираат. Шест проценти се изјасниле дека дефинитивно нема да го сторат тоа.
Дали сите австралиски заедници ќе бидат вклучени во отпочнувањето на вакцинацијата?
Д-р Верма рече дека за одредени нови мигрантски групи, јазичните бариери и недостатокот на културно соодветни здравствени опции значи дека тие честопати се изоставени од разговорот.
„Традиционално секогаш биле лишени од право на глас и тешко можеле да се вклучат во општата пракса и примарна здравствена заштита“, рече д-р Верма. „Значи, мислам дека тие луѓе ќе имаат специфични бариери, затоа што може да бидат склони на погрешно информирање, доколку не добијат информации од точни извори. "
Државните и федералните владини министерства беа критикувани за време на пандемијата за грешки во комуникацијата со австралиските културно-јазично разновидни заедници. Од лошо преведени информации, до недостаток на консултации со претставници на културата, што доведе до тоа некои да се свртат кон неофицијални извори за информации во врска со вирусот.
Адел Салман, портпарол на Исламскиот совет на Викторија рече дека „многу дезинформации [за вакцината] се шират преку Интернет“ и дека борбата против дезинформациите за вакцините не е само предизвик со кој се соочуваат малцинските заедници во Австралија, туку и целата популација.
„Мислам дека е навистина важно испраќање вистински пораки да се промовира ефикасно затоа што ќе се шири многу страв, ќе се шират многу теории на заговор“, рече тој. „Треба да се осигураме дека пораките можат да го пресечат сето тоа и дека имаме доверба во изворите што ја доставуваат таа порака на соодветен начин “.
Тој ја повикува Федералната влада да започне информативна кампања пред почетокот на ширењето на вакцините.
Портпарол на министерот за здравство, Грег Хант, за SBS News изјави дека владата „ќе продолжи да консултира и да бара совети и препораки од врвните мултикултурни организации и засегнатите страни за одговорот на КОВИД-19 што ќе вклучува развој и реализација на комуникациска стратегија за имплементација на вакцинацијата“ .
Владата исто така штотуку формираше КОВИД-19 Здравствена советодавна група за културно и јазично разновидни заедници, која месецов се состана за прв пат.
Кои компликации може да се појават?
Професорот Пол Грифин, експерт за инфективни болести од Универзитетот на Квинсленд, рече дека ширењето вакцини во Австралија може да биде комплицирано.
„Мислам дека логистиката, како и колебливоста околу вакцините, се двата главни проблеми со кои ќе се соочиме. Не сум сигурен дека до сега сторивме доволно за да се решиме барем еден од нив“, рече тој.
„Логистиката ќе биде неверојатно комплицирана. Во основа, никогаш порано не сме направиле вакво нешто“.
„Имаме разумно ниво на вакцинација за грип, но тоа вклучува многу различни методи за добивање на вакцината кај луѓето и сè уште никогаш не ги постигнавме стапките што би сакале да ги видиме со овие КОВИД вакцини“, рече тој.
„Исто така, евиденцијата и можноста луѓето да обезбедат докази дека примиле вакцина [се важни]. За вакцините со кои ќе започнеме ќе бидат потребни две дози, ако луѓето не се вратат за втора доза, тогаш би можеле значително да ги поткопаме нивоата на заштита “.
Дали вакцината ќе биде ефикасна?
Д-р Мој рече дека исто така треба да има поголема јасност во однос на краткорочните наспроти долгорочните цели на програмата за вакцинација.
„Тие се ефикасни во смисла да помогнат да не се разболите, но во моментот не сме сигурни колку се добри во реалноста да спречат да го фатите вирусот, или дури и да го пренесете. Значи, тие може да бидат добри за една работа, но може да не бидат добри за друга “, рече тој.
„Ние не само што се обидуваме да ја заштитиме индивидуата, туку и да го спречиме ширењето во заедницата. Генерално, постојат добри и лоши страни за сите овие вакцини и има неколку работи што сè уште не се утврдени, како на пример колку долго ќе трае нивното дејство “.
Кога ќе знаеме повеќе?
Професор Кели рече дека целосните детали во врска со вакцинацијата во Австралија ќе бидат објавени во јануари.
Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри подалеку од другите. Проверете ги ограничувањата за собирање на вашата држава/територија. Ако имате симптоми на настинка или грип, останете дома и договорете тест со повик на вашиот лекар или контактирајте ја телефонската линија за здравствени информации на Коронавирус на 1800 020 080.
Вести и информации се достапни на 63 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Проверете ги релевантните упатства за вашата држава или територија: Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Западна Австралија, Јужна Австралија, Северна Територија, Aвстралиската капитална територија, Тасманија.
Novavax