Денот на Австралија, 26 јануари, останува болнo проблематичен за многу луѓе од Првите нации

Секоја година се сé погласни, гласовите за промена на датумот, со кој се прославува припадноста кон модерна, мултикултурна Австралија. Актуелниот датум, 26 јануари, останува причина за тага, наместо прослава, особено за припадниците на Првите нации.

Incasiondaypic.jpg

Луѓето учествуваат на митингот „Денот на инвазијата“ на Денот на Австралија во Мелбурн на 26 јануари 2018 година. Десетици илјади луѓе маршираа низ Австралија на 26 јануари на протестот „Денот на инвазијата“ повикувајќи на преиспитување на националниот ден за кој велат дека е навредливи за домородните луѓе Credit: PETER PARKS/AFP via Getty Images

Низ целата земја, 26 јануари е државен празник, за време на кој многу заедници ќе запалат скара и ќе уживаат во слободен ден, како и во крајот на летните одмори. Тоа е денот кога стотици австралиски граѓани ќе добијат признание со национални почести за нивната општествено корисна работа.

За многу луѓе од Првите нации, денот има многу поинаков тон и е ден на жалост и размислување, бидејќи го означува почетокот на колонијалната инвазија од страна на Британците што резултира со војна, геноцид, расизам и други злосторства со генерации против луѓето од првите, домородни нации.
Наспроти оваа позадина, илјадници нови и постоечки мигрантски заедници ќе го прослават добивањето државјанство во Австралија.

Значи, дали денот заглавен во конфликт, кој го означува доаѓањето на Првата флота, треба да биде истиот датум кога луѓето од мултикултурно потекло го слават единството под австралиското знаме? Тоа е прашање со кое се борат мултикултурните заедници.

„Треба да негуваме чувство на припадност“

Според пописот од 2021 година, над седум милиони луѓе или 29,3 отсто од населението на Австралија, со исклучок на оние чие родно место не е наведено, се родени во странство.

Асефа Бекеле, од етиопската заедница во Сиднеј, има работено со домородната заедница и има голем интерес за историјата на луѓето од Првите нации.

Тој вели дека е многу важно да се негува чувството на припадност кон заедница или нација.

„Мора да има чувство на припадност за секој поединец, секој граѓанин, а особено оние кои дошле од странство и домородните Австралијци кои живееле тука повеќе од 60.000 години“, рече г-дин Бекеле.

„И знаете, подобро е да се сподели историјата, културата и сè и навистина да се развие чувството на припадност и заедништво.

„Немам никаков проблем со промена на датумот, никако. Австралија напредува и времињата се менуваат и луѓето треба да се менуваат со неа.


„Најпосле, на сите ни треба само мир, хармонија и заедништво.

„Погрешен ден за прослава“

Гавин Сомерс припадник на народите Бутчула и Губи Губи, е пејач и текстописец. Тој ја признава важноста да се има ден за славење на Австралија и да се биде Австралиец, но вели дека сегашниот датум е едноставно погрешен ден за прослава.

„Треба да имаме датум што можеме гордо да го славиме, заедно со нашите сојузници, кои се и други мултикултурни групи кои живеат тука“, рече г-дин Сомерс.

„Важно е да се собереме и всушност да го прославиме овој ден на датум со кој всушност сите можеме да се идентификуваме“.

Денот на Австралија генерира тешки прашања

Крег Ригни, припадник на домородните народи Нгаринџери и Каурна, и извршен директор на непрофитна организација на Абориџините “KWY”, воден од заедницата, вели дека Денот на Австралија продолжува да поставува непријатни прашања.

На Денот на Австралија, треба да одвоиме малку време да се запрашаме: ‚Како се гледаме еден со друг?
Крег Ригни
“Дали се гледаме себеси во заедничка иднина?”- вели г-дин Ригни.

„Чувствувам дека тоа ќе ги одреди нашите судбини, нашата иднина, како се однесуваме кон себе и како се однесуваме еден со друг“.
Cr Angelica Panopoulos headshot.jpg
Градоначалничката на Советот, Ангелика Панопулос Credit: Angelica Panopoulos
Во некои држави, локалните совети се откажаа од издавањето државјанство и одржувањето на настани на 26 јануари, вклучително и градскиот совет на Мери-Бек во северниот дел на Мелбурн, сместен на земјиштето на народот Вурунџери Вои-Вуррунг од нацијата Кулин.

Градоначалничката на Советот, Ангелика Панопулос, вели дека датумот 26 јануари, е тесно поврзан со почетокот на вековната борба за луѓето од првите нации.

“Тоа е денот (во 1788 година) кога капетанот Артур Филип (и Првата флота) дојдоа во Австралија и започнаа отфрлањето и геноцидот “, рече таа.

„Факт е дека сè уште имаме огромни проблеми со меѓугенерациската траума, системскиот расизам и правдата во кривичниот систем, коишто се наследство од оваа (колонизација).

„И затоа е многу важно да слушаме кога луѓето од Првата нација ни кажуваат дека 26 јануари не е ден за славење“.

Rigneynew.jpg
Г-дин Ригни вели дека е време Австралија да слуша и да научи од оние кои не се чувстуваат пријатно поради актуелниот датум на Денот на Австралија.
Г-дин Ригни го повтори овој став, велејќи: „Имаме доста можност да учиме, да учиме и да слушаме како заедница и како нација“.

„Како дел од оваа заедница, (и) како дел од оваа нација, верувам дека ќе научиме да признаваме, да се сакаме со почит еден со друг и оваа земја што ја нарекуваме Австралија“.

Сепак, тој рече дека прашањето на кој ден треба да слават Австралијците, сè уште е причина за заведеност и поделеност меѓу луѓе.

Тој рече дека сегашното славење Денот на Австралија на 26 јануари е релативно ново и постои ширум Австралија само од 1994 година.

Share
Published 25 January 2023 1:30pm
Updated 25 January 2023 1:37pm
By Sarka Pechova, Kerri-Lee Harding
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends